Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Багерист усмрти жена на пешачки во Скопје – ОЈО отвори истрага
Македонија

Багерист усмрти жена на пешачки во Скопје – ОЈО отвори истрага

02/07/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 42-годишник од Скопје вчера на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Непосредно по настанот, јавен обвинител извршил увид на лице место и издал повеќе наредби со цел да се испитаат сите околности и да се утврдат причините за сообраќајната несреќа. По еден дел од наредбите сѐ уште се постапува.

– За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, се додава во соопштението на Обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како

13/10/2026
Македонија

📽️ ДРОГА ВО БОМБОНИ, ТАБЛЕТИ И ВО ГЕЛ НА ТАБАНОВЦЕ

13/10/2026
Македонија

МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што

13/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ДА ПОБАРА ОД СОФИЈА ДА Ѝ ЈА ПРЕДАДЕ ИВА

13/10/2026
Македонија

БУГАРИТЕ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ИВА МИХАИЛОВА СО ПОЛИЦИЈА!? Министерот за

12/10/2026
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
Македонија

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во

12/10/2026
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како Михаилова пристигнала во Бугарија

13/10/2026

Министерството за надворешни работи на Бугарија тврди дека не било однапред известено за потезите на Ива Михаилова, нејзиното семејство и

📽️ ДРОГА ВО БОМБОНИ, ТАБЛЕТИ И ВО ГЕЛ НА ТАБАНОВЦЕ Камерите снимиле што пронашле цариниците

13/10/2026

Дрога во форма на бомбони, таблети, гел и други супстанции пронашле царинските службеници на граничниот премин Табановце, при контрола на

МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што се пишува во бугарската јавност

13/10/2026

Случајот со 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, која по повеќемесечни барања за лекување во Бугарија, под нејасни околности пребега во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy