Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАДИЈАЛА ЛАНИ ИСПИВМЕ МИНЕРАЛНА ВОДА ЗА 8,1 МИЛИОНИ ЕВРА – „Пелистерка“ профитираше со само 53 илјади, падот е за 83 проценти
Економија

БАДИЈАЛА ЛАНИ ИСПИВМЕ МИНЕРАЛНА ВОДА ЗА 8,1 МИЛИОНИ ЕВРА – „Пелистерка“ профитираше со само 53 илјади, падот е за 83 проценти

04/04/2024

AA

Ако на крајот на третиот квартал од 2023 година
служеше за пример за одлична и зголемена добивка, најновиот годишен биланс на успех на „Пелистерка“, кој се однесува за целата ланска година, покажува не сосема
солиден финансиски резултат.

Односно, чистиот профит од целото минатогодишно
работење на „Пелистерка“ е само 53 илјади евра, што е намалување за дури 83
проценти во однос на претходната 2022 година.

А, таквиот пад на профитот се случува во година во
која „Пелистерка“ остварила вкупни оперативни приходи од дури 8,33 милиони
евра, кои се всушност приходи од основната дејност на компанијата, а тоа е
производството на минерална вода и освежителни пијалоци.

Најголемиот дел од овие опаративни приходи се
всушност приходи од продажбата, и тоа сите до денар се остварени на домашниот
пазар, а изнесуваат 8,1 милиони евра, и бележат зголемување од 17 отсто во
однос на претходната година. Тоа значи дека Македонците толку испиле флаширана
вода и газирани сокови минатата година од оваа компанија.

Оперативните расходи, пак, достигнале 7,8 милиони
евра, и кај нив е регистрирано зголемување од 20 проценти.

На расходната страна најголемо е учеството на
трошоците за суровини и други материјали, чија сума изнесува 3,2 милиони евра и
која регистрирала пораст од 6 отсто.

На име трошоци за вработените, пак, компанијата
исплатила близу 1,3 милиони евра. Тоа е голема ставка, но во однос на
претходната година овој трошок бележи намалување за 6 отсто, што значи дека
овие вработени не можат баш да се пофалат со зголемување на платата во минатата
година.

Ако на крајот на третиот квартал од 2023 година
служеше за пример за одлична и зголемена добивка, најновиот годишен биланс на
„Пелистерка“, кој се однесува за целата ланска година, покажува не сосема
солиден финансиски резултат.

Односно, чистиот профит од целото минатогодишно
работење на „Пелистерка“ е само 53 илјади евра, што е намалување за дури 83
проценти во однос на претходната 2022 година.

А, таквиот пад на профитот се случува во година во
која „Пелистерка“ остварила вкупни оперативни приходи од дури 8,33 милиони
евра, кои се всушност приходи од основната дејност на компанијата, а тоа е
производството на минерална вода и освежителни пијалоци.

Најголемиот дел од овие опаративни приходи се
всушност приходи од продажбата, и тоа сите до денар се остварени на домашниот
пазар, а изнесуваат 8,1 милиони евра, и бележат зголемување од 17 отсто во
однос на претходната година. Тоа значи дека Македонците толку испиле флаширана
вода и газирани сокови минатата година од оваа компанија.

Оперативните расходи, пак, достигнале 7,8 милиони
евра, и кај нив е регистѕрирано зголемување од 20 проценти.

На расходната страна најголемо е учеството на
трошоците за суровини и други материјали, чија сума изнесува 3,2 милиони евра и
која регистрирала пораст од 6 отсто.

На име трошоци за вработените, пак, компанијата
исплатила близу 1,3 милиони евра. Тоа е голема ставка, но во однос на
претходната година овој трошок бележи намалување за 6 отсто, што значи дека
овие вработени не можат баш да се пофалат со зголемување на платата во минатата
година.

А, најголем раст лани имале останатите расходи од
дејноста, на чие име компанијата исплатила близу 950 илјади евра, и каде
порастот во однос на претходната година е за дури 255 проценти.

Но, на што точно се должи овој раст на останатите
оперативни расходи, не се знае, бидејќи компанијата до берзата нема доставено
образложение на својот финансиски резултат, во кое би објаснила како дошло до
толку силно зголемување на останатите оперативни расходи.

Сето ова довело до оперативна добивка од 371 илјади
евра, што е не толку значајно намалување во однос на претходната година,
односно за 19 проценти.

Но, после ова доаѓа „цаката“ во Билансот на успех, односно
фактот што компанијата нема остварено воопшто финансиски расходи, наспроти
претходната година кога тоа било позначајна сума. А, уште поголем проблем се
финансиските расходи од близу 300 илјади евра, кои се зголемени за 45 отсто, и
кои ја намалуваат, заедно со платениот корпоративен данок, конечната чиста
добивка на „Пелистерка“ на само 53 илјади евра.

Па така, минатата година „Пелистерка“ ја затвори со
профит од 53 илјади евра, што е пад за 83 отсто, и ова е остварено во услови на
приходи поголеми од осум милиони евра.

А, само за потсетување, на крајот на третиот квартал од минатата година, „Пелистерка“ прикажа трикратно зголемување на добивката, или за близу 200 проценти, односно во периодот од јануари заклучно со
септември оваа година, ова битолско акционерско друштво остварило објави чиста добивка од 484 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy