Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бајовски: Радиоактивниот фон во РЕК Битола е во рамки на нормалата
Македонија

Бајовски: Радиоактивниот фон во РЕК Битола е во рамки на нормалата

06/05/2025

AA

Радиоактивниот фон измерен во РЕК Битола „не е многу поголем“ од природниот, изјави в.д. директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, Зоран Бајовски, по повод одбележувањето 20 години од формирањето на овој независен национален регулаторен орган.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со неодамнешното издигнување радиоактивен пепел од термоелектраната, Бајовски истакна дека последните мерења, направени во 2024 година од страна на технички сервиси, покажуваат дека нивото на зрачење е „во рамки блиски до природниот фон“.

„Станува збор за вредности кои се нешто повисоки од природниот фон, но сепак не излегуваат од дозволените граници. Според последните податоци, мерениот фон изнесуваше под 5.000 нанохири – но не би шпекулирал со бројки. Доколку има интерес, податоците можеме да ги доставиме и во писмена форма,“ рече Бајовски.

Тој нагласи дека природен радиоактивниот фон постои насекаде околу нас и дека сите сме изложени на јонизирачко зрачење кое, во нормални граници, не е штетно за човековото здравје. Според регулативата, сите професионално изложени лица се должни да носат лични дозиметри, кои се проверуваат месечно.

Во последните две децении, Дирекцијата има клучна улога во надзорот и лиценцирањето на активности поврзани со јонизирачко зрачење во здравството, индустријата, образованието и истражувањето. Само во 2024 година, издадени се 237 лиценци, а спроведени се 224 инспекциски контроли – од кои кај 61 правен субјект се утврдени неправилности.

Бајовски посочи дека постои сериозен недостиг на кадар – особено физичари – што ја отежнува работата на институцијата, која брои само 11 вработени. Како проблем беше посочена и честата промена на кадар во стоматолошките ординации, кои не ги доставуваат ажурирани податоци за вработените што ракуваат со радиолошка опрема.

Што се однесува до државните институции, Бајовски нагласи дека неправилности нема, но предупреди на потенцијални ризици во установите каде што се ангажирани лица по договор на дело – особено кога станува збор за работа со рендген апарати и радиоактивни извори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46442
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА Осуммина приведени, 11 кривични

29/10/2026

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа. Според истрагата, Фондот бил оштетен

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Отстранета голема

29/10/2026

Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги

29/10/2026

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy