Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Азески на средба со грчката амбасадорка Филипиду: Инфраструктурата во целиот регион е клучна за бизнис секторот
Економија

Азески на средба со грчката амбасадорка Филипиду: Инфраструктурата во целиот регион е клучна за бизнис секторот

07/04/2023

AA

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција Н.Е. Софија Филипиду.  На работниот состанок учествуваа и извршниот директор на Комората, Антони Пешев, како и оперативната директорка Билјана Пеева Ѓуриќ.

Во фокусот на разговорот беше економската соработка помеѓу двете земји, но и пошироко во целиот регион, со акцент на инфраструктурата која е клучна за бизнис секторот.

Претседателот Азески ја искористи можноста да потенцира дека за стопанството е важно да се зголеми протокот преку железницата и солунското пристаниште, да има редовни авионски линии со Република Грција, а енергетската криза покажа и дека во функција треба да се стави нафтоводот Скопје-Солун, кој со години не работи.

На работната средба Азески ја запозна амбасадорката Филипиду со активностите на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој го претставува гласот на приватниот сектор од шестте земји на Западен Балкан, при што нагласи дека треба да се даде приоритет на зголемување на извозот, регионалната соработка и заеднички настап на компаниите од овие земји на трети пазари.

Се дискутираше и за улогата на Стопанската комора во поврзување на регионалните комори од двете земји, можноста да се зголеми соработката со цел да се искористи искуството на нашите соседи за едукација на македонските компании при користењето на ЕУ фондовите, како и мапирање на важни саемски манифестации во Република Грција каде компаниите од регионот преку КИФ ќе може да настапат заедно.

Амбасадорката Филипиду срдечно се заблагодари за реализацијата на средбата и искажа подготвеност за уште позасилена соработка и продлабочување на економските односи помеѓу двете земји за потполно искористување на потенцијалот кој го имаме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy