Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јавни обвинители од ОЈО Скопје на работилница за истраги во врска со крипто-валути и електронски докази
Македонија

Јавни обвинители од ОЈО Скопје на работилница за истраги во врска со крипто-валути и електронски докази

10/04/2025

AA

Тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје учествуваа на дводневна стручна работилница за постапување во истрагите за кривични дела со крипто-валути и во кои се користат електронски докази.

Состанокот организиран од Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан (WBCJ), заедно со Европската мрежа за судски компјутерски криминал (EJCN), проектот SIRIUS и проектот CyberSEE, се одржа во Националното обвинителство на Република Полска во Варшава и тоа во период кога во тек е полското претседателство со Европската унија.

Настанот собра на едно место обвинители и истражители од Западен Балкан за да ги споделат своите искуства, да разговараат за предизвиците и да ја зајакнат севкупната соработка во борбата против компјутерскиот криминал. Дополнително, учесниците можеа да ги слушнат и искуствата на обвинителите од ЕУ специјализирани за ваков тип предмети.

Сесиите опфатија широк спектар на теми како што се следење и заплена на крипто-валути, дискусии за тоа како крипто-средствата се користат во онлајн измами и перење пари, како и соработка со давателите на услуги за крипто-валути.

Во рамките на работилницата, проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан пред органите за спроведување на законот и правосудните органи од Западен Балкан ги презентираше Насоките на Европската мрежа за судски компјутерски криминал во однос на крипто-валутите, како и алатките кои им се достапни на платформата развиена од проектот SIRIUS за истражување на кривични дела од оваа област.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МАГАЦИНИ, ВИЗБИ: Се излеаа реките кај Радовиш!

21/11/2025
Македонија

Мицкоски убеден дека ќе стигнеме први до ЕУ

21/11/2025
Македонија

НАДОЈДЕНИ РЕКИ И РЕКОРДНИ ВРНЕЖИ Енергетскиот систем издржа без ризик

21/11/2025
Македонија

Охридско Езеро е на безбедна кота, надојдените води во Дебарско

21/11/2025
Македонија

Денес во Кочани започна со работа регионалниот центар за ментално

21/11/2025
Македонија

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за

21/11/2025
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ СЕ МОДЕРНИЗИРА И ЌЕ БИДЕ ПОЕФИКАСНА Зголемен буџетот

21/11/2025
Македонија

ВИДЕО Реката Черава се излеа: Поплавени куќи и дворови во

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МАГАЦИНИ, ВИЗБИ: Се излеаа реките кај Радовиш!

21/11/2025

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор

Мицкоски убеден дека ќе стигнеме први до ЕУ

21/11/2025

На самитот во Тирана насловен „Нашиот пат кон ЕУ“, премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака до европските партнери: Македонија испорачува

НАДОЈДЕНИ РЕКИ И РЕКОРДНИ ВРНЕЖИ Енергетскиот систем издржа без ризик од преливи

21/11/2025

Охридско Езеро е на безбедна кота и далеку од максимумот, а под целосна контрола се и акумулациите Глобочица и Дебарско

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy