Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈАВАШЛУКОТ ШТО УБИ 63 МЛАДИ ЛУЃЕ Почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Македонија

ЈАВАШЛУКОТ ШТО УБИ 63 МЛАДИ ЛУЃЕ Почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

19/11/2025

AA

Обвинети се затоа што во периодот од 2012 до 16.3.2025 година во Кочани, Виница, Штип и во Скопје, како службени и одговорни лица, воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето. Првообвинетите со употреба експлозивни материи – пиротехника во затворен простор предизвикале пожар во „Клуб Пулс“ во Кочани, на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, а поради пропустите на службените и одговорните лица, кои придонеле објектот со дозвола за лесна индустрија да функционира како угостителски …

Ова е воведот и суштината на обвинението против 34 физички и 3 правни лица кои се обвинети за Тешки дела против општата сигурност за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади луѓе, од кои 6 малолетни, а 210 лица беа повредени, од кои 156 потешко.

На обвинителната клупа во скопскиот Кривичен суд ќе седнат сопственикот на дискотеката, проектанти, инспектори, поранешни градоначалници на Кочани, поранешни министри и други. На сите им се заканува казна затвор од 3 до 20 години, затоа што пропуштале да спроведат надзори и контроли и на тој начин дошло до катастрофалните последици.

Ќе суди Дина Груевска Илиевска, а обвинението ќе го застапуваат 15 обвинители. Судењето ќе се одвива во новата дигитализирана судница во рамките на затворот Идризово, која има капацитет за вакви судења со голем број обвинети, оштетени и заинтересирана јавност.

  • СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА ЌЕ БИДЕ ЕКСПРЕСНО? Сите актери се обврзаа да нема застој во процесот

Првообвинет за пожарот е сопственикот на кабарето Дејан Јованов – Деко, кој со неговиот син Михајло Јованов и двајца членови на ДНК, кои загинаа во пожарот, ги внеле пиротехничките средства.

Обвинет е и братот на Деко, кој продал влезници над капацитетот на објектот, како и Горазд Милковски, сопственик на објектот во кој работела дискотеката.

Обвинителството ја товари и Милка Едровска, сопственичка на проектантската фирма „Венци проект“, затоа што во 2012, иако знаела дека на таа локација не може да има дискотека и дека објектот не ги исполнува условите, изготвила основен проект.

Обвинети се четворица службеници од Државниот пазарен инспекторат

и локалните градежни инспектори затоа што не го затвориле дивиот објект.

Тројцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов се товарат дека знаеле дека според деталниот урбанистички план на таа локација не може има кабаре, не им наредиле на градежните инспектори да направат надзор, а знаеле дека дискотеката работи затоа што на општинската сметка легнувале по 2.000 евра од дискотеката.

Агенцијата која ја обезбедувала дискотеката, „Рубикон“, не направила безбедносна проценка и затоа се обвинети директорот Јане Јанчевски и четворица обезбедувачи, кои дозволиле влез на малолетници и не спречиле да биде внесена пиротехника.

Обвинението ги опфаќа и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, Аднан Џаферовски, Беким Максути, Џеват Селами, како и еден инспектор во оваа институција, Љупчо Грнчиштанов. Обвинети се и службениците од Министерството за економија, каде што се давало поткуп за кабарето да добие лиценца, Џеваир Камбери, Размена Чекиќ-Дуровиќ. Обвинението товари и двајца поранешни министри за економија – Крешник Бектеши и Валон Сарачини затоа што не иницирале вонреден надзор.

Во дискотеката 13 годишни се случувале системски пропусти, непостапувања и корупција. Јавашлукот што доведе до ужасна смрт на 63 млади луѓе и тешки повреди и инвалидитет на десетици луца, детални е опишан на 166 страници од обвинителниот акт. Обвинителството за сите пропусти и за пожарот има обемен доказен материјал, со над 1.440 докази и 283 сведоци.

Во обвинението е опишано дека два и пол часа пред да избие пожарот, вокалистот Владимир Блажев – Панчо и Мартин Атанасовски-Буцо, поставиле три т.н. „пиротехнички фонтани“ кои се активираат истовремено.

„Околу 02.32 часот, како дел од претходно утврдени визуелно сценски ефекти кои започнувале при изведба на песната ’Што сака нека биде‘, сега покојниот Мартин Атанасовски-Буцо со далечински управувач ги активирал пиротехничките фонтани“, пишува во обвинението.

Во дискотеката имало 672 лица. Пожарот се проширил стихијно, со многу чад и висока температура и настанало масовно, неконтролирано бегање во паника. Присутните практично немале од каде да се евакуираат, затоа што немало други излези, а влезната врата не била доволно широка.

Во паниката и турканицата 50 млади луѓе умреле од труење со јаглероден моноксид, 6 лица се задушиле поради притисок на градниот кош, а дел од загинатите настрадале од термички оштетувања на горните дишни патишта.

Голем де, пак, од оние што успеаја да се спасат, добија изгореници од втор и трет степен, нагмечувања, скршени ребра, оштетен вид, закиселување на крвта и други повреди.

ДВАЈЦА ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ ЗА ЕКОНОМИЈА КУРТУЛИЈА ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО „ПУЛС“ Секој од 34 обвинети можел да го спречи пожарот, заедно ќе одговараат за смртта на 62 млади луѓе

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42207
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава простор за поинакво мислење

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk упати остри критики кон актуелната влада,

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk изјави дека е прерано да се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy