Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИИ ПОД ЗАКУП: Новата видео лотарија во Македонија почнува со работа
Економија

АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИИ ПОД ЗАКУП: Новата видео лотарија во Македонија почнува со работа

07/08/2024

AA

Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје, компанијата специјализирана за видео игри на среќа формирана лани од АД Државна лотарија и австрискиот гигант ХТЛ, ќе почне со работа на повеќе од 40 атрактивни локации низ земјата, дознава „Фактор“.

Не е познато колку од овие локации се новозакупени, но ги има околу 20-тина во Скопје на главните булевари како Партизански Одреди, Јане Сандански, Илинден, но и прометни улици како „Никола Вапцаров“ во строгиот центар на главниот град и „Љубљанска“ кај Скопје Сити Мол.

Ќе ги има и во околината на Скопје, но и во рурални средини како Ново Село, Илинден и Теарце. По три ќе ги има во Штип и Тетово, по две во Кавадарци и Охрид и преостанатите во речиси секој друг град во земјата. Локациите за играње на ВЛТ-апарати веќе се регистрирани како подружници од страна на „Ново ВЛТ“.

На интернет страницата на „Ново ВЛТ“ може да се прочита дека во јуни имало објавен оглас за закуп на деловен простор во Скопје во временски период од 10 години. Се бара објектот да е „со површина од 250м
2 до 370м
2 деловен простор, 400м
2 до 500м2 површина за
магацински простор и паркинг простор за најмалку 10 (десет) патнички моторни
возила“.

Изминатиот период беше објавено дека во јуни постизборно бил постигнат договор преку јавна набавка ХТЛ да и продаде ВЛТ-апарати на оваа нова компанија за игри на среќа во вредност од 16 милиони евра како рамковна спогодба.

АД Државна лотарија пред околу 16 месеци регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ.Инаку ХТЛ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.

За управител на Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ е назначен Ванчо Зунзуровски. Членови на Надзорниот одбор се Перпарим Бајрами, Артин Спахију, Сашо Богдановски, Ленче Петреска и Омер Буњаку.

Актуелната власт најави дека ќе го ревидира претходното формирање на нови компании за игри на среќа од страна на АД Државна лотарија.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy