Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АСО: Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта
Македонија

АСО: Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта

15/01/2024

AA

Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милион евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата, се наведува во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Оттаму посочуват дека АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ.

 

Граѓани, компании и институции осигурале повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година. Вкупниот број на возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 5 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).

-Секое трето осигурано возило имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците. Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени карти – осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 1,3 милијарди денари (21,16 мил.евра), се наведува во соопштението од АСО.

Зелената карта, како што појаснуваат, е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена масимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување.

Податоците добиени од НБО покажуваат дека граѓаните, компаниите и институциите лани купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во  осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра).

Бројот на издадени полиси за автомобилско осигурување за во земјава и во странство лани во однос на 2022 година е зголемен за 6 отсто, а нивната вкупна вредност е поголема за 6,5 отсто, покажуваат податоците на НБО.

-НБО има законски овластувања да ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот. НБО ги претставува сите македонски компании за неживотно осигурување во меѓународните организации и институции за осигурување, се наведува во соопштението од АСО.

Во нашата земја законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира Владата преку надлежна стручна интересорна комисија.

Од АСО информираат дека во 2023 одина во продажбата на задолжително автомобилско осигурување и зелена карта „Македонија осигурување“ учествувала со 4,8 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 9,9 отсто, „Уника“ со 14,6 отсто, „Триглав осигурување“ со 8,8 отсто, а „Сава осигурување“ со 9 отсто. Од вкупната продажба на ова задолжително осигурување на „Винер ВИГ“ отпаѓа 13,4 отсто, на „Еуролинк“ 8,4 отсто, „Граве“ 8,8 отсто, „Халк Осигурување“ учествува со 6,4 отсто и „Осигурителна полиса“ со 9,5 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка

04/07/2026
Македонија

Активен пожар кај Македонски Брод

04/07/2026
Македонија

Вандализам во основно училиште во Скопје – оштетени врати и

04/07/2026
Македонија

Мицкоски најави разговори со трговците за ценовните движења

04/07/2026
Македонија

Потврдени два случаи на западнонилска треска на Клиниката за инфективни

04/07/2026
Македонија

Приведени четворица возачи за безобѕирно управување возило – двајца возеле

04/07/2026
Македонија

Ангелов со апел по пожарот во Штип: Не палете оган

04/07/2026
Македонија

Тепачка меѓу три скопјанки по расправија во сообраќај во Ѓорче

04/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44166
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка усмртил куче

04/07/2026

Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш е приведен под сомнение дека со ловечка пушка усмртил куче на градска улица, информира

Активен пожар кај Македонски Брод

04/07/2026

Во текот на денешниот ден продолжуваат интервенциите на противпожарните екипи на повеќе локации низ земјата, при што состојбата со пожарите

Вандализам во основно училиште во Скопје – оштетени врати и запалени учебници

04/07/2026

Непознат инцидент во основно училиште на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров завршил со оштетена спортска сала и запалени учебници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy