Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку потроши МНР за изнајмувањето ВИП возила за конференцијата на ОБСЕ?
Економија

Колку потроши МНР за изнајмувањето ВИП возила за конференцијата на ОБСЕ?

15/01/2024

AA

Од можните максимални 930.000 евра, Министерството за надворешни работи за потребите на самитот на ОБСЕ кој се одржа во декември во Скопје, исплати речиси 600.000 евра за изнајмување на ВИП автомобили со кои се возеа делегациите на земјите членки на оваа организација.

МНР како организатор на настанот на крајот од минатиот месец и исплатил 35.176.652 денари на „АБЦ рент а кар Турс Скопје“ како единствен понудувач и добитник на тендерот за обезбедување на луксузни возила кои ќе ги задоволуваат дипломатските критериуми.

Организаторот на конференцијата не одговори на нашето прашање дали ова е единствената предвидена исплата од рамковниот договор со операторот потпишан во октомври минатата година а со важност од четири месеци..

Во договорот кој беше склучен со единствениот понудувач кој се јави на тендерот, „АБЦ Рент“ требаше да обезбеди 175 возила – најголем дел од нив автомобили кои ќе се користат од седум до осум дена. Станува збор за Рамковен договор за изнајмување лимузини и минибусови за потребите на ланската конференција на ОБСЕ во Скопје. 

Шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека прво ќе се користат државните возила, а ќе се изнајмат толку возила колку што ќе биде потребно. Спецификациите за типот на возила кои се потребни ги одредува самата ОБСЕ и дека тоа е на товар на државата. И самиот во една прилика рече дека високата цена на изнајмување се должи на тоа што ќе треба да се бараат возила од странство, но и дека е можно конкурентите меѓусебно да се договориле само еден оператор да учествува.

– Јас очекувам дека повеќе од половината ќе ги обезбедиме од институциите, затоа ова ни е рамковна спогодба. Значи, ние можеме само едно возило да искористиме, ако најдеме 99 отсто од институциите. Теоретски, може една или ниту една, јас немам обврска ниту една да платам. Но, што се случи, кога го испитувавме пазарот, информациите од комисијата беа дека може да има 4-5 агенции коишто можат да обезбедат (н.з. возила). Никој нема толку, но ќе обезбедат од цела држава, од регионот ќе соберат. И ние очекувавме дека ќе има 4-5 понуди и, на крај, ги отвораат понудите – испадна една. Тука не е мое да испитувам дали тие го поделиле пазарот, дали се договараат меѓу себе за да не си конкурираат еден на друг – тоа не е работа на Министерството. Ние отвораме понуди, таа што е најповолна ја потпишуваме, рече Османи.

На СРЦ „Борис Трајковски“ – објект во кој беа пречекани 57 делегации од светот, му биле платени 300.000 евра за изнајмувањето на салата. 

Фирмата „Еуровиа“ од Тетово која е еден од донаторите на ДУИ, веќе доби 1,8 милиони евра за да ја подготви салата за големиот настан, додека 120.000 евра ќе доби агенцијата за промоција на настанот.  Пари се потрошија и за хотелско сместување на министрите и делегациите.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР: Ако забележите полициски хеликоптер, веднаш приземјете го дронот

21/08/2026
Македонија

Каде најмногу пораснаа платите? Просечната нето-плата во јуни 48.381 денар

21/08/2026
Македонија

82-годишник физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга во Велес

21/08/2026
Македонија

Неготинец измамен преку лажна СМС-казна – наместо 460, платил 26.908

21/08/2026
Македонија

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата

21/08/2026
Македонија

Проработе единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава – денеска закажани 9

21/08/2026
Македонија

Нема повеќе возење без контрола: Сите службени возила на Град

21/08/2026
Македонија

Мицкоски: 14 луѓе живи гореа во Тетово, а Обвинителството не

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45161
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР: Ако забележите полициски хеликоптер, веднаш приземјете го дронот

21/08/2026

Поради зголемениот број летачки активности и интензивниот ангажман на хеликоптерите во гасење пожари, извидување и други оперативни задачи, Министерството за

Каде најмногу пораснаа платите? Просечната нето-плата во јуни 48.381 денар

21/08/2026

Најновите податоци за платите покажуваат дека просечните примања во земјава продолжиле да растат. Во јуни 2026 година, просечната месечна исплатена

82-годишник физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга во Велес

21/08/2026

Полицијата во Велес лиши од слобода 82-годишен маж, по пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, насилството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy