Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска: За ѓубрето во Скопје МВР треба да влезе кај Славески оти не го разреши управниот одбор на Комунална хигиена од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Арсовска: За ѓубрето во Скопје МВР треба да влезе кај Славески оти не го разреши управниот одбор на Комунална хигиена од ВМРО-ДПМНЕ

23/10/2025

AA

По бројните шпекулации истакнати од кадри на ВМРО ДПМНЕ во обид да се амнестираат за состојбата за работата на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави појаснување за надлежностите и одговорностите поврзани со управувањето на претпријатието.

„Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицкоски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, еве ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш:

1. ЈП Комунална хигиена Скопје КХС по закон ја основа, за одлуки и согласности е надлежен СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

2. Управниот одбор кој УПРАВУВА со КХС 4 години, е составен од членови ВМРО/ВЛЕН и е избран од Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

3. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Управен одбор на КХС и осудена криминалка за 2 кривични дела од Судот на РМ е ВМРО и е наградена за тоа што градот тоне во ѓубре со советничко место од ВМРО во општина Бутел.

4. Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), а најголем број на одлуки намерно не ги гласаа за да предизвикаат хаос.

5. Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.

Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:

– да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот

– да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот

– да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот

– да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот

По логиката на МВРО и нивните послушници, утре би требало со полиција да упаднат во НБРМ и да има покренување на кривична постапка за Трајко Славевски за непревземање ниту една мерка по Закон.

Во прилог Законот, кој има трпение нека чита. На кој уште не му е јасно кој е одговорен за ѓубрето, или така му кажале во штаб за да се одбранат себеси или едноставно ужива да го лажат корумпираните политички елити“, вели Арсовска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy