Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АП за средбата во Охрид: Високи влогови во разговорите
Македонија

АП за средбата во Охрид: Високи влогови во разговорите

18/03/2023

AA

Западните власти се надеваат дека ќе биде постигнат напредок во разговорите со посредство на ЕУ меѓу лидерите на Косово и Србија овој викенд, во нов обид да се намалат децениските тензии меѓу воените балкански непријатели и да се реши еден од најдолгите спорови во Европа, јави АП.

По повод новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво, АП во текстот насловен „Високи влогови на новите разговори меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ“ наведува дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска се среќаваат во Охрид.

Агенцијата наведува дека двајцата привремено се договориле минатиот месец за текстот на планот на ЕУ од 11 точки за нормализирање на односите по нивната војна 1998-1999 година и прогласувањето независност на Косово од Србија во 2008 година.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, кој претседава со денешниот состанок во Охрид, рече дека сега е време лидерите на Косово, Србија и на целиот Западен Балкан да покажат храброст и да ја споделат одговорноста за успехот на процесот на пристапување кон ЕУ во регионот, според АП.

Агенцијата пишува дека Борел рекол дека овие разговори ќе бидат фокусирани на тоа како да се имплементира предложениот план на ЕУ кој бара од двете страни да одржуваат добрососедски односи, меѓусебно да ги признаваат официјалните документи и националните симболи.

Ако планот биде имплементиран, тоа ќе го спречи Белград да ги блокира напорите на Косово да бара членство во Обединетите нации и другите меѓународни организации, наведува АП, додавајќи дека рамковниот договор подготвен од Франција и Германија и поддржан од САД не бара експлицитно заемно признавање на Косово и Србија.

Агенцијата посочува дека Александар Вучиќ во четвртокот рекол дека нема да потпише ништо на средбата во Охрид и дека претходно ветил дека нема да го признае Косово или да дозволи да стане членка на ОН, пренесе Бета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy