Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Антикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата
Македонија

Антикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата

09/03/2023

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10 што го доби компанијата ИРД, а како подизведувачи се избрани уште три компании.

Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е една од подизведувачите, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана.

Велат дека ќе треба време за да се обезбедат сите документи затоа што се работи за огромен тендер.

– Ако се има предвид фактот дека е огромен тендер со голема вредност, мислам дека вреди да се почека да се добие таа документација и дополнително потребно е време за нејзино анализирање. Тие се странски фирми за кои нашето истражување по нив ќе биде малку ограничено. Доколку има потреба ќе се потрудиме да најдеме и дополнителни податоци, изјави Катица Николовска, член на ДКСК за „Сител“.

Денеска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе со тврдење дека од 2016 година соппственик на шпанска „Ептиса“ е кинеска компанија и дека генералниот директор на компанијата е Кинез.

Договорот за изградба на четири автопатски делници беше потпишан вчера со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Според договорот што беше потпишан во Владата, конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар – Букојчани (30,3 км) и Прилеп -Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри. За изградбата на автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy