Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска ‒ Вујчиќ: Високото ниво на усогласеност на Народната банка со практиките на ЕУ, значаен придонес во евроинтеграцискиот процес
Македонија

Ангеловска-Бежоска ‒ Вујчиќ: Високото ниво на усогласеност на Народната банка со практиките на ЕУ, значаен придонес во евроинтеграцискиот процес

20/07/2023

AA

Централните банки во процесот на пристапување кон Европската Унија имаат значајна улога во обезбедувањето усогласеност во подрачјата во нивна надлежност, пред сѐ овозможувањето на монетарната и финансиската стабилност. Ова беше истакнато на средбата одржана во Народната банка меѓу гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. На средбата, гувернерот Вујчиќ ја изрази натамошната подготвеност за споделување на хрватските искуства од евроинтеграцискиот процес со Народната банка којашто и сега, според оцените на европските институции, има високо ниво на усогласеност во подрачјата на нејзина надлежност, особено во доменот на банкарскиот систем, како основа за ефикасно распределување на финансиските средства во економијата. Ова во 2021 година го потврди Европската комисија со донесената одлука со која утврди дека нашата држава има воспоставено супервизорска и регулативна рамка за основањето и работењето на банките во согласност со стандардите пропишани во Европската Унија. Неодамна, и Комитетот на експерти на Советот на Европа за спречување перење пари и финансирање тероризам („Манивал“) оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Народната банка ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

 

Хрватските искуства во претпристапниот процес кон Европската Унија како патоказ за  процесот на пристапување кон ЕУ, но и за исполнување на надлежностите потоа, се од големо значење за натамошно трасирање на работењето на нашата централна банка. Оттука, Народната банка дава особен придонес, активно учествувајќи во ресорските процеси и национални стратегиски документи за интеграција во ЕУ, преку преземање активности во однос на усогласувањето на своето работење со европските стандарди, во рамките на подрачјата коишто ги покрива.

 

На средбата стана збор и за стабилизирањето на инфлацијата и за нејзиното сведување на историски ниските стапки. Овој приоритет во работењето на централните банки како предуслов за предвидливо и стабилно окружување ќе придонесе за економски раст, отворање нови работни места и развој. Во однос на оваа тема, на средбата беше заклучено дека и покрај веќе видливото забавување на инфлацијата, стапките сѐ уште се високи и наметнуваат водење внимателни макроекономски политики. Во светски рамки, за справувањето со оваа инфлациска епизода, сведочиме на едно од најсинхронизираните затегнувања на монетарната политика во изминатиот половина век, при што реакцијата на централните банки беше двојно посилна во однос на историскиот просек, што придонесе за забавување на вкупната инфлација. Неодамна, Меѓународниот монетарен фонд во оцената од мисијата којашто ја посети нашата земја, нагласи дека како резултат на соодветната монетарна политика веќе се согледува забавување на стапката на инфлацијата и кај нас. Идните инфлациски движења во економиите во регионот, како мали и отворени, ќе бидат условени од трајноста и големината на надворешните шокови, пред сѐ движењата на пазарите на примарните производи, структурните карактеристики и преземените структурни реформи за ублажување на ранливоста, но и од исклучителна важност за натамошно одржливо намалување на стапката на инфлација ќе биде водењето претпазливи макроекономски политики.

 

Средбата меѓу двајцата гувернери е во знакот на традиционално добрата соработка на централните банки, којашто се заснова на размена на искуства за прашањата поврзани со справувањето со предизвиците за монетарната и финансиската стабилност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
Македонија

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за

18/10/2026
Македонија

СДСМ Е ДЕКЛАСИРАН ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОДДРШКАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА

18/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46244
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА ПУМПА НАМЕСТО СРЦЕ Претседателот на

18/10/2026

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“, кој повеќе од 6 години живееше со механичка пумпа

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3 гласа – кој би победил?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Резултатите од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница отвораат интересно прашање: како би изгледал резултатот доколку гласовите

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за гласање во најдобар ред

18/10/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница денеска заврши во најдобар ред, без нарушување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy