Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска: Напорно работиме за пристапување кон СЕПА
Македонија

Ангеловска-Бежоска: Напорно работиме за пристапување кон СЕПА

24/03/2024

AA

„Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената  област за плаќањa во евра – СЕПА“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews). Гувернерката посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и 26 подзаконски акти донесени од централната банка и усогласени со ЕУ регулативата.

Преку интеграцијата на земјата во СЕПА, граѓаните и фирмите ќе може да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ, како и голем број земји кои не се ЕУ членки, преку кредитни трансфери и директни задолжувања, на брз, безбеден и ефикасен начин, како и националните плаќања. Со пристапот кон СЕПА, ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции, што е особено значајно за дознаките кои ги праќаат нашите граѓани од странство, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакнува дека развојот на платните системи, зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците за прекуграничните трансакции, се во рамки на приоритетите на Народната банка, бидејќи тие ќе обезбедат повеќе благодети за домаќинствата, компаниите и ќе влијаат на поттикнување на економскиот раст. „Трансакциските трошоци за увоз и извоз се многу значајни за фирмите, како и за нашата економија во целина, имајќи предвид дека таа е многу отворена. Намалувањето на трошоците за компаниите би помогнало во целокупниот раст на економијата. За да ја постигнеме оваа цел треба да продолжиме со усогласување на нашите регулативи со СЕПА, како и подготовката на самата платежна инфраструктура“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА  се состои од 36 земји меѓу кои 27 ЕУ држави-членки, 3 земји од Европската економска област – ЕЕА како и 6 земји кои не се членки на ЕЕА, а на кои е проширен географскиот опсег. На почетокот на годинава шесте земји од Западен Балкан се договорија да ги намалат надоместоците за финансиските трансакции во регионот, усогласувајќи ги регулативите со оние со земјите во СЕПА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy