Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ
Македонија

Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ

10/10/2023

AA

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Маракеш, Кралството Мароко. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Ана Митреска.

Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Митреска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции. Економските состојби и предизвиците коишто ги донесоа неколкуте кризи во изминатите три години, очекувањата за идниот период, мерките коишто се преземаат преку монетарната политика, заложбите за поддршка на зеленото финансирање и за справување со влијанието на климатските промени, финансиската инклузија, се дел од темите коишто ќе бидат опфатени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе.

Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со Кун Давидсе, извршен директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја. На средбите ќе се разговара за тековните состојби, како и за глобалните финансиски и геополитички движења, како и проектите на кои се соработува.

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки разговараат за светската економија и политиките како одговор на предизвиците заради постигнување раст, еднаквост и напредок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
Македонија

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку

02/09/2026
Македонија

Мицкоски: Бугарија да постапи соодветно и да ни го екстрадира

02/09/2026
Македонија

Додека се гасне пожарот кај Селце, фатени тројца дрвокрадци во

02/09/2026
Македонија

Пожарот од Косово се движи кон Грачани – ангажирани „ер-тракторите“ на

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град во Кавадарци!

02/09/2026

Силно невреме го зафати Кавадарци, со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, информираат од Управата за

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026

Денеска во Скопје, на 71-годишна возраст, почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев, оставајќи зад себе богата академска, научна и

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026

Наставниците во март следната година ќе добијат ново зголемување на платите, согласно договореното со Синдикатот за образование, наука и култура

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy