Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневска: Немањето учебници е огромен проблем, ама одговорноста не е кај поединци – кривицата е кај сите
Македонија

Јаневска: Немањето учебници е огромен проблем, ама одговорноста не е кај поединци – кривицата е кај сите

06/03/2023

AA

Решенија има, но треба да има волја и идеи како да се надмине. Учебниците се огромен проблем, гледам се помодерно станува да се каже дека наставникот треба да знае да предава без учебник, но тие не се само за наставниците, туку и за учениците. Учебници не само што нема туку и тие што ги има се неквалитетни, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител во врска со проблемот на немање на учебници кој постои подолг период.

Јаневска истакна дека власта не смее да ги лиши учениците од учебници затоа што книгата е богатство кое нуди информации, знаење, развива мислење, поставува прашања и нуди одговори, го формира јазикот и елоквентноста на личноста.

Во врска со тоа кој ќе одговара за учебниците полни со грешки, таа посочи дека сведоци сме како е селективна казнивоста во моментов во Македонија и бидејќи во тој синџир за учебниците се повеќе чинители, нема да видиме одговорност.

– Бидејќи многу чинители се во синџирот на одговорност не верувам дека некој ќе побара одговорност, Не може да се сведе на една алка, кога ги има 10, а не сите подлежат на казнивост во оваа држава, каде за селектирани личности казнивост нема. Не треба одговорноста да се префрла само на одредени лица, сите требало максимално да бидат одговорни. За жал учебници не само што нема, туку и тие што ги има се неквалитетни, рече Јаневска.

За изгубените часови поради дојавите за бомби, таа нагласи дека тие не се надокнадени, МОН е без препораки.

– Учениците изгубија многу часови и тоа не е надокнадено. Некои наставници може набрзина да го предадат материјалот, но тоа не е квалитетно образование, а гледаме министерството нема препораки и се префрла одговорноста на училиштата, истакна Јаневска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy