Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Потпишан налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
Македонија

Андоновски: Потпишан налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

09/05/2025

AA

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски изјави дека потпишал налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

Како што вели со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во Македонија и на коишто се прикачени македонски играчи на игри на среќа

„Знаеме дека се од Македонија затоа што се приклучуваат од македонски адреси и ги трошат своите пари“,изјави Андоновски во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија.

Тој додава дека ова се најактивни, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства.

„Налогот го испративме до АЕК која што во најбрз можен рок, а најдоцна до 7 дена, треба да го препрати до телеком операторите коишто се во Македонија, а тие веднаш да постапат и да ги забранат“,додаде тој.

Андоновски исто така објасни дека ова е само прв налог за забрана, a дополни дека проблемот е и во тоа што парите и информациите што ги предаваат граѓаните кон овие страници, нема информација каде одат, и многу лесно може да се искористат на штета на граѓаните.

„Имаме група на приредувачи на игри на среќа коишто потекнуваат од Македонија, но веб страниците се регистрирани на некои други домејни, односно не се точка мк, туку точка нет, или точка ком и така натаму, знаеме дека се од Македонија и тука веќе имаме опасност затоа што тука може да се крадат средства. Не знаеме воопшто каде одат средствата на граѓаните, не знаеме каде одат нивните лични податоци коишто тие ги ставаат на тие портали. Затоа и ги таргетиравме најкористените портали, а веднаш во следниот период, кога ќе помине оваа прва фаза, подготвуваме втор налог и мислам дека во рок од еден месец, ќе стигнеме и до 160 портали“,рече министерот Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy