
ВИДЕО Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип!
Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот.
Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството на градскиот плоштад во Штип каде загина 25-годишник.
МВР информираше дека во него пукал 21-годишен маж, а потоа четири лица му помогнале да избега.
„По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото“, вели МВР.