Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста
Македонија

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

09/05/2025

AA

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во честитката Филипче порача дека денешниот ден е потсетник колку значи слободата, и зошто не смееме да ја заборавиме цената што е платена за неа.

“9 Мај е ден кога се потсетуваме колку значи слободата, и зошто не смееме да ја заборавиме цената што е платена за неа.

Денеска се навраќаме на еден од најважните денови во историјата, победата над фашизмот. На овој ден се стави крај на омразата, на убивањата, на уништувањето, на поделбите. Денеска оддаваме почит на борците од Народно ослободителната војна, кои ги дадоа своите животи за слободата која денес ја живееме. 

Истовремено, денес е и Денот на Европа, ден кога ги славиме европските вредности од кои никогаш не смее да се откажеме. Мора цврсто да продолжиме по патот на мирот, соработката, слободата, солидарноста.

Ние сме дел од европската приказна и нераскинлив дел од борбата против фашизмот. Да не дозволиме никој никогаш да ги поткопа вредностите врз кои е градено ова општество. Македонија припаѓа таму каде што се почитуваат човековите права, каде што се гради заедништво и каде што никој не смее да биде исклучен затоа што е различен.

Денешната борба не е со пушка. Денес се бориме со збор, со став, со почит и одговорност.

Честит 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Да не заборавиме од каде доаѓаме и каде сакаме да одиме”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ РАСПРОДАВАШЕ ВО ДУБАИ, ВО БУГАРИЈА, А СЕГА ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА

19/09/2026
Македонија

ИМА ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски очекува

19/09/2026
Македонија

ПАРАДОКСОТ НА СДСМ Соопштенијата му ги пишува ЧатЏПТ, а се

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во

18/09/2026
Македонија

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат,

18/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ

18/09/2026
Македонија

ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги

18/09/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ ПАК ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ НА БРАТУЧЕДОТ“ А богами и

18/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45674
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ РАСПРОДАВАШЕ ВО ДУБАИ, ВО БУГАРИЈА, А СЕГА ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА Со

19/09/2026

Венко Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Зоран Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна

ИМА ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски очекува капитални проекти со историско значење

19/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, во интервју за МИА од Вашингтон

ПАРАДОКСОТ НА СДСМ Соопштенијата му ги пишува ЧатЏПТ, а се противи на дата центри

19/09/2026

На СДСМ соопштенијата му ги пишува вештачката интелигенција, а се против изградба на дата центри, порача ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот полека пресушува,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy