Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации
Македонија

Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации

14/01/2025

AA

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во синоќешното гостување на „ТопТема“ истакна дека неколку минати раководства на ФИТР, работеле криминално и направиле бројни финансиски злоупотреби и криминали, за кои се поднесени и се поднесуваат кривични пријави.

„Се покажа дека Фондот за иновации со сите негови претходни директори во последните 6 години работел многу криминално. Неколку милиони евра штета се во прашање направени. Оваа недела ќе има и нови кривични пријави, за различни проекти кои што никогаш не се реализирале, а биле исплаќани”, потенцираше Андоновски.

Тој додаде дека Фондот за иновации го има изгубено кредибилитетот поради оние кои што додека раководеле со фондот давале пари за непостоечки иновации, оценети негативно и од ревизорски извештаи.

„За жал, Фондот за иновации го изгуби кредибилитетот кај граѓаните и ние ако отвориме нова програма утре во Фондот за иновации, луѓето ќе речат вие сте исти како претходните. Како што претходните делеа пари за хулахопки, за пица рецепти, за небинарен тоалет, така и вие сега ќе правите за некои нови. Тоа не можеме да го дозволиме”, вели Андоновски.

Министерот додаде дека планот е постапно Фондот да се затвори, а надлежностите да ги преземат Министерството за дигитална трансформација, МОН и други соодветни институции.

„Идејата е Фондот да се затвори и тоа ќе се случи во текот на 2025 година, а надлежностите во поглед на технолошкиот развој, иновациите да ги преземат институциите кои што се соодветни на тоа, во поглед на технолошкиот развој, дигиталните иновации тоа е нашето министерство, во научните проекти и иновации министерството за образование. Планот за тоа ќе биде постапен”, појасни Андоновски.

Андоновски испрати и поттикнувачка порака до моменталното раководство на ФИТР, да работи уште понапорно на ревизијата како би се открило сè што се случувало внатре.

„Го поттикнувам Фондот да работи уште понапорно на ревизијата. Кога ќе го исчистиме процесот од овој неквалитет и криминал што му се случува на ФИТР, ќе имаме отворено поле да дискутираме која е следната патека. Според мене тоа се  Европските Дигитални Иновациски Хабови (EDIH) како иновативен начин да одиме напред, за кој што обезбедивме еден милион евра кофинансирање, за проекти кои ќе финансираат дигитализација на малите и средните претпријатија. И тоа е вистинска инекција за бизнисот”, дециден беше Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy