Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Нови е-услуги од ФЗО и поврзување со Централниот регистар на население: помалку шалтери, повеќе дигитални решенија за граѓаните и компаниите
Македонија

Андоновски: Нови е-услуги од ФЗО и поврзување со Централниот регистар на население: помалку шалтери, повеќе дигитални решенија за граѓаните и компаниите

22/01/2026

AA

Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување означија почеток  на интензивна соработка со конкретни резултати – воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и техничко поврзување на ФЗОМ со Централниот регистар на население (ЦРН), со што се поедноставуваат постапките и се намалува административниот товар за граѓаните и бизнисите.

На денешната прес-конференција, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека целта на Министерството е јасна: „јавните услуги да бидат достапни, поврзани и ориентирани кон потребите на граѓаните и бизнисите.“

Министерот нагласи дека станува збор за услуги „кои директно го поедноставуваат пристапот до важни документи, го намалуваат административниот товар и го елиминираат непотребното чекање и физичко присуство на шалтери.“

За правните лица, за прв пат е овозможена електронска услуга за:

За физичките лица, воведени се следните е-услуги:

„Овие услуги се само почеток на системска дигитална трансформација, а не изолирани технички решенија,“ порача министерот Андоновски.

Посебен акцент беше ставен на воведувањето на единствената најава „Корисниците на порталот на Фондот за здравствено осигурување автоматски се воведуваат во системот за единствена најава – SSO,“ рече Андоновски, додавајќи дека „граѓаните добиваат можност со еден кориснички профил непречено да се движат и користат услуги на различни институционални портали, без повторно најавување и без дополнителни административни бариери.“

Од денес, ФЗОМ е и технички поврзан со ЦРН, што овозможува автоматско преземање релевантни податоци за граѓаните. Министерот истакна дека преку ова поврзување, ФЗОМ „во рамки на речиси 40 управни и деловни постапки користи податоци од ЦРН како единствен референтен извор,“ со што се намалуваат грешките и потребата од рачно внесување податоци.

Ова поврзување, меѓу другото, се применува во постапки како: пријава и одјава на здравствено осигурување, утврдување својство на осигурено лице, боледување, бременост и раѓање, лекување во странство, двојазични обрасци, рефундации, потврди и други права и обврски во надлежност на ФЗОМ.

„Ова е пример како дигиталната трансформација треба да изгледа во пракса: институции кои соработуваат, системи кои се поврзуваат и услуги кои функционираат во корист на граѓаните,“ потенцираше Андоновски.

„ќе продолжиме да градиме вакви решенија – решенија кои носат реални, мерливи придобивки и ја трансформираат јавната администрација во модерен, ефикасен и достапен сервис.“ заврши министерот, Стефан Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
Македонија

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ

22/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности за партнерства, инвестиции и развој

22/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од неговиот престој во Њујорк САД со дел од средбите што ги одржа на високо

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две години за тешка кражба

22/09/2026

29-годишен жител на гостиварското село Топлица бил уапсен на скопскиот аеродром, каде што бил запрен при влез во државата. И.Ч.

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов со моторна пила до него

22/09/2026

60-годишен жител на гостиварското село Равен бил пронајден мртов на фудбалскиот стадион во селото, откако неговата сопруга пријавила дека не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy