Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Македонија проактивно гради систем за сајбер безбедност
Македонија

Андоновски: Македонија проактивно гради систем за сајбер безбедност

24/04/2026

AA

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на настанот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери.

Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна, отпорна и доверлива дигитална држава.

„Денешниот настан има поширока порака: дека Македонија не чека да реагира кога ќе се случи проблем, туку проактивно гради систем. Систем што ќе биде европски по стандарди, национален по одговорност и партнерски по пристап“, порача Андоновски.

Министерот нагласи дека сајбер безбедноста е поставена како еден од врвните приоритети на Министерството за дигитална трансформација, потсетувајќи на клучните чекори преземени во изминатиот период: донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028, воспоставувањето на законската рамка усогласена со NIS 2 директивата на Европската Унија, формирањето на Секторот за сајбер безбедност во рамки на Министерството, како и отворањето на Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти – MKD GOV CIRT.

Андоновски посочи дека долгорочната сајбер отпорност не може да се изгради само преку стратегии, закони и институции, туку преку луѓе, знаење, вежби, доверба и партнерства. Во таа насока, тој ја истакна важноста на академските институции и на меѓународната соработка, особено со Соединетите Американски Држави.

„Ако сакаме долгорочна сајбер безбедност, мора да инвестираме не само во технологии, туку и во кадар“, истакна министерот.

Тој додаде дека со овој проект Универзитетот „Гоце Делчев“ станува регионален хаб за тренинг и сертификација на сајбер-професионалци, што претставува значаен придонес кон развојот на една од клучните професии за иднината.

Министерството за дигитална трансформација останува цврсто посветено на градење политики, институции и партнерства што ќе обезбедат Македонија да биде не само дигитална, туку и безбедна, отпорна и подготвена за иднината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy