Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Американски сенатор и ветеран: Не смееме да се откажеме од Украинците – Маск му врати: Ти си предавник
Македонија

Американски сенатор и ветеран: Не смееме да се откажеме од Украинците – Маск му врати: Ти си предавник

10/03/2025

AA

Американскиот демократски сенатор Марк Кели ги сподели своите впечатоци по посетата на Украина.

„Само што ја напуштив Украина. Она што го видов ми покажа дека не можеме да се откажеме од украинскиот народ. Сите сакаат оваа војна да заврши, но секој договор мора да ја заштити безбедноста на Украина и не може да биде отстапка за Путин“, напиша Кели на X.

Милијардерот Илон Маск, сопственик на Х, близок соработник на Доналд Трамп и поборник за прекин на помошта за Украина, му одговори на Кели нарекувајќи го „предавник“.

„Предавник? Илон, ако не разбираш дека одбраната на слободата е основниот принцип на она што ја прави Америка голема и што не чува безбедни, можеби треба да го оставиш тоа на оние од нас што го разбираат“, му рече Кели.

Кели е пензиониран астронаут и поранешен воен пилот кој учествувал во Заливската војна.

Коментарите доаѓаат во време на навестувања за можни разговори на САД со Русија за мир во Украина. Администрацијата на Трамп врши притисок врз Украина да потпише договор за минерали и да се согласи да преговара со Русите, додека Киев бара силни безбедносни гаранции од Америка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
Македонија

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба

28/07/2026
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
Македонија

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули –

28/07/2026
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy