Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Американците и испраќаат на Украина 1,3 милијарди долари за реконструкција на инфраструктурата
Македонија

Американците и испраќаат на Украина 1,3 милијарди долари за реконструкција на инфраструктурата

21/06/2023

AA

Соединетите држави ќе испратат уште 1,3 милијарди помош за Украина за реконструкција на енергетската мрежа и модернизација на пристаништата, железницата и друга инфраструктура, изјави во средата во Лондон американскиот државен секретар Антони Блинкен на конференција за обнова на Украина. .

Велика Британија, САД и Европската унија ветија милијарди долари помош за Киев во средата на втората меѓународна конференција за обнова на Украина, а британскиот премиер Риши Сунак започна рамка за воено осигурување за да се обиде да ги охрабри компаниите да инвестираат.

„Клучот за закрепнување е поставувањето на темелите за Украина да напредува како безбедна, независна држава целосно интегрирана со Европа и поврзана со пазарите ширум светот“, рече Блинкен на конференцијата за закрепнувањето на земјата разурната од војната во Лондон.

„Со поддршка на американскиот Конгрес, ќе обезбедиме дополнителна помош од 1,3 милијарди долари за да и помогнеме на Украина да ја постигне оваа цел“, додаде тој. Од вкупната сума, 520 милиони ќе одат за енергетската мрежа, а 657 милиони за модернизација на граничните премини, пристаништата, железницата и другата клучна инфраструктура, изјави шефот на американската дипломатија.

Околу 100 милиони долари ќе одат за дигитализација на украинските царини и други системи со цел „да се забрзаат процесите и да се намали корупцијата“, а уште 35 милиони ќе бидат наменети за украинските компании. Новата американска помош пристигнува откако Вашингтон веќе испрати речиси 20 милијарди економска и развојна помош за Киев.

На конференцијата Сунак зборуваше за клучната тешкотија со која се соочуваат компаниите кои сакаат да инвестираат во Украина – осигурување од воени штети. Конзервативниот премиер предложи рамка за воено осигурување што ќе го отвори патот за неризични инвестиции, но не даде премногу детали. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе и додели на Украина 50 милијарди евра од 2024 до 2027 година.

Украина бара до 40 милијарди долари за финансирање на првата фаза од „Зелениот Маршалов план“ за обнова на нејзината економија, која вклучува развој на индустрија за челик без јаглен. Вкупните трошоци за војната ќе бидат огромни – Украина, Светската банка, Европската комисија и Обединетите нации во март процениле дека по првата година од конфликтот, штетата ќе изнесува 411 милијарди долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори,

19/09/2026
Македонија

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО

19/09/2026
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
Македонија

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е

19/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА ШТО ЗАПАЛИЈА КАБЛИ НА ДЕПОНИЈАТА

19/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РАСПРОДАВАШЕ ВО ДУБАИ, ВО БУГАРИЈА, А СЕГА ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА

19/09/2026
Македонија

ИМА ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски очекува

19/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45680
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy