ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен скопјанец
Млада возачка вчера удрила во 63-годишен пешак на скопската обиколница кај Мирковсци, соопшти полицијата.
„На 18.9.2026 во 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на клучката Мирковци, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(63) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница 8 Септември“, соопшти полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
.
Извор: plusinfo.mk