Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори, одлуката е на Мицкоски
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори, одлуката е на Мицкоски

19/09/2026

AA

 

Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата. Претседателот на партијата, Максим Димитриевски вели дека тоа би требало да се дефинира во текот на следниот месец.

Одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на отчетот на избраните и именувани функционери на ЗНАМ, Димитриевски истакна и дека односите и соработката во владината коалиција се на одлично ниво.

– За нашата политичка партија никогаш не е приоритет што ќе добиеме како составен дел на власта, туку сакаме да преземеме одговорност. Како што претходно имаме информирано, влеговме во оваа Влада и буквално понудивме „карт бланш“ за да не гледаме реприза од минатото – како моноетничките пазртии на ситен камен ги дробат големите политички субјекти кои добиваат масовно поддршката на граѓаните. Во овој случај го спречивме тоа, да гледаме реприза – рече Димитриевски.

Што се однесува до поделбата на ресорите и местата, тргнуваме исклучиво од аспект на преземање одговорност, додаде тој.

– Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, во уште еден ресор што треба да се дефинира во текот на следниов месец и верувам дека, како и во останатите ресори и институции каде што преземавме одговорност, ќе го дадеме својот придонес и во тој ресор. Разговараме за неколку ресори, не би сакал во моментов да шпекулирам. Секако дека мандатарот е најповикан да даде одговор на тоа прашање и верувам дека веќе до крајот на месецот ќе имате од негова страна излагање по однос на таа тема – рече Димитриевски.

За вторите и третите ешалони на власта, додаде, досега до него не се пристигнати забелешки ниту од мандатарот, ниту од ресорните министри во однос на работењето на функционерите на ЗНАМ во пониските нивоа на власта.

– Она што можам директно да го ветам како претседател на ЗНАМ е дека именуваните и избраните функционери на ЗНАМ ќе продолжат најревносно и најодговорно да ги вршат своите добиени функции и да ги имплементираат политиките на ЗНАМ коишто се содржани и усогласени во владината програма – рече тој.

Според него, ЗНАМ е првиот и единствен политички субјект во државата што по две години партиципација и партнерство во власта излегува со отчет пред граѓаните за сите активности на сите избрани и именувани функционери кои работат во владата и ја поддржуваат нејзината политика.

– Ние сме поразлични од останатите. За ЗНАМ, иако е тешко да се верува бидејќи навиките во општеството се веќе такви, нема ниту една единствена афера, нулта корупција, и тоа претставено директно преку нашите претставници во извршната власт. Нашите приоритети се подобрување на социо-економскиот живот на нашите граѓани, правда за сите и еднаквост на сите пред законите во Македонија. Дали сте функционер или обичен граѓанин, имате еднакви права и еднакви можности, така како што е пропишано со Уставот на Македонија. Факт е дека дојдовме од минус состојба – длабоко задолжена држава, со длабоко поткопани институции, а стигнавме на позитивна нула. Гледаме дека се реализираат голем број инфраструктурни и капитални проекти низ државата, чиј резултат не може никој лично да си го припише себе си, туку тоа е општ резултат на целата Влада и сите нејзини партиципиенти – рече Димитриевски.

Во врска со коалицијата, потсети дека е усогласена владина програма за која сите заедно се грижат да биде имплементирана во целост.

– Верувам до крајот на мандатот на оваа Влада, граѓаните и суштински ќе го почувствуваат тоа – подвлече претседателот на ЗНАМ, Димитриевски.

На отчетот присуствуваа членови на ЗНАМ, пратеници, функционери, активисти и поддржувачи.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат,

19/09/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори,

19/09/2026
Македонија

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО

19/09/2026
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
Македонија

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е

19/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА ШТО ЗАПАЛИЈА КАБЛИ НА ДЕПОНИЈАТА

19/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45682
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат, нека го критикуваат, нека кажат

19/09/2026

Движењето ЗНАМ денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од партијата во изминатите две

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА АВТОБУСИ И ЗА КАМИОНИ Под

19/09/2026

Јавен обвинител од ОJO Скопје поднесе oбвинителен предлог против 6 лица за продолжени кривични дела Фалсификување исправа, од член 378

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ Собрани 2,2 милиони

19/09/2026

На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy