УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот и одзеде разни предмети
Полицијата уапси 26-годишен манијак од кавадаречко, откако млада велешанка го пријавил дека ја допирал по телото среде улица,
„Синоќа во 22:15 во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 26-годишниот С.Р.(26) од кавадаречкото село Дреново. Тој е уапсен во врска со настан од 16.9.2026 година, кога 24-годишна велешанка пријавила дека на улицата Бошко Златанов во Велес, едно машко лице ја допирало по телото“, соопшти полицијата.
Кај него дома бил извршен претрес.
„По издадена наредба од Основен суд Велес, е извршен претрес во домот во Велес каде престојувал С.Р., при што се пронајдени и одземени разни предмети. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти велешката полиција.
.
Извор: plusinfo.mk