Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Америка ѝ се закани на Кина со шокантен потег!
Македонија

Америка ѝ се закани на Кина со шокантен потег!

16/04/2025

AA

Американската администрација би можела да воведе царини од 245 отсто на увозот од Кина поради ескалацијата на трговскиот конфликт меѓу земјите, објави прес-службата на Белата куќа.

Во соопштението на американската администрација се потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април воведе царини од 10 отсто за сите земји и поединечно ги зголеми царините за земјите „со кои САД имаат најголем трговски дефицит“. На овој начин претседателот сакаше да ја обезбеди националната безбедност на Америка, потсетува Белата куќа.

После тоа, според Белата куќа, повеќе од 75 земји во светот веќе започнале преговори со Вашингтон за решавање на ситуацијата и склучување нови трговски договори.

„Во светло на овие разговори, поединечните царини се суспендирани за сите земји, освен Кина, која презеде контрамерки. Како резултат на тоа, на Кина сега и се закануваат царини до 245 отсто за увоз од САД“, се наведува во соопштението.

Белата куќа засега не соопштува детали за временската рамка за воведување на споменатите тарифи. Во исто време, Трамп рече дека САД значително профитираат од царините.

„Соединетите Американски Држави добиваат рекордна сума пари благодарение на царините, додека цената на речиси сè паѓа, вклучително и бензинот, храната и речиси сè друго. Паѓа и инфлацијата. Ветувањата се даваат, ветувањата се одржуваат“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мечка снимена како трча кај Градскиот парк во Битола, граѓаните

21/05/2026
Македонија

Андоновски: Наскоро стартува државна „суперапликација“ со дигитална лична карта и

21/05/2026
Македонија

ХАОС ВО ЗДРАВСТВОТО: Вработени ја тужат државата, хирурзи со плати

21/05/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА: Андоновски признава дека понекогаш греши

21/05/2026
Македонија

Андоновски: Македонија гради „дигитален автопат“ меѓу институциите

21/05/2026
Македонија

АНДОНОВСКИ СТАВА КРАЈ НА ХАОСOT: Државни податоци се чувале во

21/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со командантот на Здружената команда на сојузничките

21/05/2026
Македонија

ЕСМ поднесе жалба за сопрената истрага за мазутот во ТЕЦ

21/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43394
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy