
АлтернАтивА – Движење Беса – Демократско движење: Талат Џафери, ДУИ и Алијансата на Албанците го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација
Како што веќе сте информирани, ние – пратениците од АлтернАтивА, Движењето Беса и Демократското движење – на 14 септември 2023 година поднесовме интерпелација за работата на јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Причина за оваа интерпелација е нашето основано сомнение дека тој имал улога во поинакво насочување на судскиот процес што се водел во врска со пожарот на модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 пациенти.
Според Деловникот на Собранието на РСМ, поточно член 47, претседателот на Собранието е должен интерпелацијата да ја стави на дневен ред на наредната прва пленарна седница во рок од 15 дена од поднесувањето. Меѓутоа, поминаа 15 дена, а претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, не закажа пленарна седница за оваа интерпелација. Тоа ни дава за право да се сомневаме дека има нешто меѓу него и Љубомир Јовески, можеби е поврзано со некоја коруптивна афера, бидејќи претседателот на Собранието го штити јавниот обвинител дури и со кршење на Деловникот на Собранието на РСМ. Со што го уценува јавниот обвинител претседателот на Собранието или некој друг од неговата партија, тоа треба да го објаснат тие, но дека г. Џафери го брани Љубомир Јовески, кој во јавноста се гледа како главен виновник за поинакво насочување на судскиот процес за модуларната болница во Тетово, за ова веќе нема сомнение. Доколку не ја стави на дневен ред оваа интерпелација и не се произнесе зошто го крши Деловникот на Собранието, со што му прави директна услуга на Љубомир Јовески, ние имаме право да се сомневаме дека заробената држава е подлабока од Јавното обвинителство. Камбаната бие и за претседателот на Собранието.
И додека сме овде, не можеме а да не истакнеме дека за оваа интерпелација, за жал, ниту пратениците на Алијансата за Албанците, ниту тие од ДУИ, не се изјаснија, дури и по нашиот јавен повик да нè поддржат. Ова освен што ги става во клупата на виновниците, затоа што штитат функционер кој се плаши да се соочи со пратениците кои го гласале, дури и кога неговото име се спомнува за злоупотреба на службената положба, овие пратеници оставаат простор за сомневање дека тие или лидерите на нивните партии се уценувани од материјали на фиоките на Јовески. Што ги попречува пратениците на ДУИ и Алијансата да ја поддржат интерпелацијата за јавниот обвинител ако на другата страна има 14 жртви изгорени во пожарот, а ниту еден виновник не е во затвор? Со кого се тие, со изгорените жртви или со Јавниот обвинител?
Како и да е, ние ќе продолжиме да ја водиме битката со сите демократски средства, а од денеска јавноста мора точно и правилно да знае дека слуги на Љубомир Јовески во Собранието на Република Северна Македонија се Талат Џафери заедно со пратениците на Демократската унија за интеграција и пратениците на Алијансата за Албанците. Тоа се личните имиња кои не дозволуваат да се открие вистината за палењето на 14 пациенти во модуларната болница во Тетово. Нека им служи на чест!
Интегрално соопштение од прес конференција