Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА – има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови
Економија

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА – има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

04/10/2024

AA

Успешните компании се такви меѓу другото и поради фактот што навреме ги препознаваат современите трендови и навреме инвестираат во проширување и развој на својот бизнис.

Таков пример е и нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, компанија која не прекинува со своите вложувања и дома, но и во освојување на нови пазари.

Денеска преку берзата „Алкалоид“ информираше за една многу битна и интересна новина од нивното работење, а таа е дека компанијата вложува во истражувачко-развојна
компанија во Јужна Кореја.

Всушност, „Алкалоид“ купил малцински удел во јужнокорејската компанијата Rophibio, во противвредност од еден милион американски долари.

Имено, како што соопштува „Алкалоид“ АД Скопје, таа како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее
да биде присутна во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи
и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива
цена. 

Покрај вообичаените генерички лекови, Алкалоид АД Скопје има стратешка цел
да настапи на пазарот и со биослични лекови, велат од компанијата. 

„За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија,
АЛКАЛОИД АД, преку докапитализација на своето новоформирано друштво ALKALOID
Pharma International од Хрватска, се одлучи за вложување преку купување малцински удел
во јужнокорејската компанијата Rophibio. Преку ова вложување во Јужна Кореја, во
противвредност од 1 милион американски долари, АЛКАЛОИД АД, покрај сопственичкиот
удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за
регионите во кои има свои операции.
Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи
компанијата Rophibio, АЛКАЛОИД АД донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачкоразвојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови“, се вели во објавата на „Алкалоид“ до инвеститорската јавност преку Берзата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy