Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Алкалоид“ ги донесе бизнис планот за 2024 и финансискиот календар
Економија

„Алкалоид“ ги донесе бизнис планот за 2024 и финансискиот календар

28/12/2023

AA

АД Алкалоид со одлука на Управниот одбор на седницата одржана на 27.12.2023 го донесе бизнис планот за 2024, а наедно го објави и финансискиот календар за следната година.

Бизнис-план за 2024

Приходи од продажби 

Бизнис-планот за 2024 година предвидува
консолидирани продажби од над 295 милиони
евра, што претставува раст од 12 % во однос
на очекуваните за 2023 година. 

Продажби по сегменти 

Сегментно, по профитни центри, 89 % од
консолидираните продажби се очекува да ги
реализира ПЦ Фармација, а 11 % ПЦ Хемија,
козметика и билкарство.

Продажби по пазари

Се очекува 31 % од консолидираните
продажби да бидат остварени на домашниот
пазар, додека, пак, 69 % од извоз. 

Планирани резултати 

Планираниот биланс на успех предвидува
раст од 11 % на консолидираната добивка
пред финансиските трошоци, даноците и пред
амортизацијата (EBITDA). Консолидиранaтa
нето-добивка е предвидена со раст од најмалку
7 % во однос на очекуваната за 2023 година.

Инвестиции 

Посветеноста на постојан раст и развој и следењето на трендовите и на најновите
достигнувања во сферата на фармацијата се главните причини поради кои во изминатите
две децении АЛКАЛОИД АД Скопје се задржа на курсот на континуирано инвестирање,
вложувајќи повеќе од 200 милиони евра.
Во согласност со долгорочната развојна стратегија, односно со 20-годишниот инвестициски
развоен план, во последните неколку години се изградени нов погон за производство на
полуцврсти фармацевтски форми, нов погон за пакување лекови, како и нов магацински
простор за складирање суровини. Во завршна фаза е и најзначајната инвестициска активност
– нов погон за производство на цврсти форми (фармацевтски препарати). Вредноста на
вкупните инвестиции во овие нови производствени капацитети достигнува над 30 милиони
евра.
Континуирано вложуваме во нови производствени опреми и во инсталирање најсовремени
технолошки линии за производство, при што се создадени услови за неколкукратно
зголемување на производствените капацитети. Сите инвестиции во производствените
капацитети на Фармација се изведени во согласност со најсовремените GMP-препораки за
производство на фармацевтски производи.
Бизнис-планот за 2024 година предвидува инвестирање на околу 10 % од консолидираните
приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства.

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ 

Истражување и развој во АЛКАЛОИД АД Скопје повеќе децении има реномирана репутација
како истакнат сегмент за истражување и за воведување нови производи, нови технологии,
аналитички методи и услуги, кои обезбедуваат раст на богатото портфолио на АЛКАЛОИД,
со грижа за заштитата на животната средина, како и на здравјето и на безбедноста при
работа.
Издатоците за истражување и развој низ годините наназад континуирано растат, резултирајќи
со повисоки стандарди за квалитет, кои придонесуваат за зголемување на благосостојбата
на потрошувачите.
Бизнис-планот во 2024 година предвидува раст од најмалку 15 % на издатоците за
истражување и развој, односно алоцирање на повеќе ресурси во овој сегмент, со цел
натамошна модернизација на генеричкото портфолио, дополнето со патентирани производи
со додадена вредност. 

Животна средина и општествени прашања (ESG)

Изминатите две години како стратешки императив и приоритет ја поставивме имплементацијата на стандардите Environmental, Social and Governance (ESG) за интеграција и за известување во компанијата. Донесовме голем број внатрешни акти кои го систематизираат
работењето на сите сектори во согласност со ESG-принципите.
Одговорноста спрема животната средина и спрема заедницата се составен дел од
секојдневието на секој еден вработен во АЛКАЛОИД, во сите земји каде што имаме
воспоставено операции. Во иднина ЕСГ-сегментот ќе се проширува и ќе се интензивира
пренесувајќи се на сите иматели на удели во АЛКАЛОИД со една единствена цел – да
изградиме подобар, поздрав и поодржлив свет.

Вработени 

Следејќи ги плановите за раст и развој, во 2024 година очекуваме околу 100 нови вработувања
во АЛКАЛОИД АД Скопје, како и околу 70 вработувања во друштвата во странство.
Продолжуваме со вложувањата во човечкиот капитал преку издвојување значителни
средства за обуки и за други придобивки за вработените, наедно создавајќи предуслови за
натамошно зголемување на просечната нето-плата по вработен.

Акции

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза
за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните
акции на Берзата. Цената на акцијата во 2023 година се движеше од 17.199,00 до 18.500,00
денари или просечно 17.752,44 денари за една акција. Цената на акцијата на последната
трансакција на 25.12.2023 година изнесуваше 18.150,00 денари. Пазарната капитализација
на компанијата во декември 2023 година изнесува 26 милијарди денари. 

Дивидендна политика 

Менаџментот на компанијата ќе продолжи и натаму со досегашната дивидендна политика
соодветно на остварените резултати. Планот предвидува алоцирање на дел од нетодобивката на компанијата за дивиденда и за персонален данок, додека, пак, остатокот ќе
биде за инвестиции.

Финансиски календар (Датум/Настан/Вид извештај)

26.2. – 1.3.2024 Објава – неревидирани единечни и консолидирани финансиски
извештаи и образложение за остварените резултати за периодот
јануари – декември

2023
1.3. – 7.3.2024 Јавен повик за Годишното собрание на акционери 

1.3. – 7.3.2024 Објава – материјали за Годишното собрание на акционери 

1.4. – 7.4.2024 Годишно собрание на акционери 

1.4. – 7.4.2024 Одлука за употреба и за распоредување на добивката по
годишната сметка за 2023 година 

1.4. – 7.4.2024 Одлука за утврдување датуми при исплата на дивиденда за 2023
година (дивиденден календар) 

1.4. – 7.4.2024 Објава – ревидирани финансиски извештаи за 2023 година 

24.4. – 30.4.2024 Објава – неревидиран единечен и консолидиран биланс на
успех и образложение за остварените резултати за периодот
јануари – март 2024 

25.7. – 31.7.2024 Објава – неревидирани единечни и консолидирани финансиски
извештаи и образложение за остварените резултати за периодот
јануари – јуни 2024 

25.10. – 31.10.2024 Објава – неревидиран единечен и консолидиран биланс на
успех и образложение за остварените резултати за периодот
јануари – септември 2024 

25.12. – 31.12.2024 Објава – Бизнис-план за 2025 година

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy