Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛКАЛОИД АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2023 година
Економија

АЛКАЛОИД АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2023 година

22/12/2023

AA

На
церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023
година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти
поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на
21.12.2023 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за
Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по избор на
медиумите.

Признанието
што го освојува АЛКАЛОИД по 11-ти пат во изминатите години ги потврдува
највисоките стандарди на корпоративно управување во компанијата. Тоа е уште
еден доказ за исклучителната посветеност на транспарентноста во работењето и за
високиот квалитет на комуникацијата која ја одржува компанијата со сите
засегнати страни (инвеститори, институции, медиуми и јавноста во целина).

Покрај ова,
АЛКАЛОИД е добитник на уште една награда, и тоа за Акција на годината за 2023
година, во согласност со гласовите на пошироката јавност, врз основа на
заедничката анкета на Берзата и на порталот „Фактор“.

Непоколебливата
решителност за транспарентно работење се рефлектира и во сите позитивни
перформанси на компанијата. Цврсто посветени на остварувањето на моделот за
одржлив раст и развој на АЛКАЛОИД, притоа обезбедувајќи јасна предвидливост на
очекувањата на пошироката заедница и на сите засегнати страни, овие принципи ќе
останат во сржта на целокупното работење додека компанијата продолжува да ги
зајакнува и да ги проширува овие аспекти во годините што следуваат.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy