Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алиу: Заедничка цел на институциите е унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост и воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството
Македонија

Алиу: Заедничка цел на институциите е унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост и воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството

25/02/2026

AA

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на денешниот настан по повод унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост, во организација на интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, што се одржа во Собранието.

– Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за социјална политика, демографија и млади врз основа на „Меморандум за соработка“  се вклучени во воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството. Здравството е првата врата каде што доаѓаат семејствата, затоа институционална задача е да не се пропушти ниту едно дете кое има доцнење во развојот, попреченост или ризик –  било да е кај педијатар, патронажна служба, логопед или други стручни лица, посочи министерот Алиу.

Тој информираше дека е во тек обука на тимови во јавните здравствени установи во Скопје, а стручни лица од Здравствен дом Скопје и Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација поминаа специјализирана обука и учествуваа на студиска посета и сега активно даваат семејно-ориентирани услуги за рана интервенција.

-Министерството за здравство развива услови за продолжување на давањето семејно-ориентирани услуги за РИД во пилот установите и ќе се заложи за нивно постепено имплементирање на територијата на целата држава. Работиме на развој на системот за универзален скрининг, кој ќе се воведе на национално ниво и ќе биде достапен за сите деца до шестгодишна возраст. Тоа значи дека секое дете ќе има можност за рана процека, без разлика каде живее и кој е неговиот родител.  Универзален скрининг значи еднаква шанса за сите деца, односно нема да се потпираме на случајност и на тоа дали родителот ќе успее да најде специјалист, туку системско, организирано следење на развојот, додава министерот Алиу.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и

25/02/2026
Македонија

Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот

25/02/2026
Македонија

Измамен маж од Битола за 10.000 евра, му кажале дека

25/02/2026
Македонија

ИНСПЕКТОР ПРИЈАВЕН ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА Oвозможил осомничениот да манипулира

25/02/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР ОД КОЧАНИ: Му дозволил на осомничен

25/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во скопска Ќерамидница, пронајдена почината сопственичката, телото

25/02/2026
Македонија

Тошковски: Безбедноста на нашите дечиња е наша заедничка обврска, затоа

25/02/2026
Македонија

Шилегов: Ова што се случува во судницата е лакардија, обвинителството

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41923
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и АХВ во акција, семејството ги

25/02/2026

Обидот на институциите да стават ред со добитокот што со месеци слободно се движи низ кривопаланечкиот регион денеска прерасна во

Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот почна да гори веднаш по

25/02/2026

Пред Судот сведочеше и Алберто Миладинов, кој кобната ноќ бил присутен во дискотеката и го снимал настапот кога избувнал пожарот.

Измамен маж од Битола за 10.000 евра, му кажале дека внука му паднала на скали!

25/02/2026

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy