Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наунов пред судот: „Не бараме одмазда, туку правда за децата кои загинаа поради системски пропуст“
Македонија

Наунов пред судот: „Не бараме одмазда, туку правда за децата кои загинаа поради системски пропуст“

25/02/2026

AA

Пред Основниот суд, во пресрет на рочиштето за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, се обрати Александар Наунов, родител на едно од децата што го загубија животот во пожарот на 16 март 2025 година.

„Денес стоиме пред судницата за да побараме правда за трагедијата што одзеде млади животи и засекогаш ги промени нашите семејства“, изјави Наунов, нагласувајќи дека обвинителниот акт содржи, како што рече, „цврсти докази дека со сторување и несторување одговорните лица придонеле за катастрофалните последици“.

Тој потенцираше дека случајот не е само прашање на индивидуална вина, туку и на системска одговорност. Според информациите со кои располагаат семејствата, објектот бил регистриран како салон за теписи, а не како угостителски објект.

„Клучното прашање е – како е издадена лиценца за вршење угостителска дејност ако објектот немал извршена пренамена? Како ги исполнувал минимално-техничките услови за кабаре, кога формално бил заведен со сосема друга намена? Кој ги потпишал тие документи, кој вршел контрола и кој замижувал? Ова не се административни пропусти – ова се пропусти што чинат животи“, рече Наунов.

Тој нагласи дека нивните деца не излегле во, како што рече, „регуларен, контролиран и безбеден угостителски објект“, туку во простор кој според документацијата имал поинаква намена. „Тоа е поразително сознание и болка што не се опишува со зборови“, додаде тој.

Семејствата, рече Наунов, не бараат одмазда, туку целосна утврдување на вистината и одговорност од сите инволвирани – од управителите на објектот до службените лица кои со потпис, пропуст или молк дозволиле незаконитости.

„Доколку системот дозволил кабаре да функционира како салон за теписи, тогаш системот потфрлил. А кога системот потфрла, цената ја плаќаат најневините“, истакна тој.

Наунов јавно го повика и Министерството за економија да одговори дали лиценцата за работа на објектот била валидна и како била издадена ако пренамената не била завршена.

Во емотивно обраќање, тој изрази револт и од одолговлекувањето на постапката. „Нема да молчиме и нема да се откажеме. Инсистираме вистината целосно да излезе на виделина и секој што придонел за оваа трагедија да понесе одговорност согласно законот“, порача Наунов.

Судскиот процес за трагедијата во Кочани продолжува, а семејствата на жртвите најавуваат дека ќе останат гласни во барањето правда и институционална одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со

22/09/2026

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy