Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алишан: Не беа изгласани закони кои ни се важни, лицата со попреченост се разочарани и од власта и од опозицијата
Македонија

Алишан: Не беа изгласани закони кои ни се важни, лицата со попреченост се разочарани и од власта и од опозицијата

21/07/2023

AA

Повеќе од 90 000 лица со попреченост не добија зголемен додаток за попреченост од 6 000 денари, ниту пак двојно зголемување на личната асистенција. Пратениците како што денеска информираа од здружението коалиција менуваме и партијата Левица не ги изгласале законот за детска, социјална заштитиа и законот за асистенти.

На денешната конференција одржана пред Собрнието на Република Северна Македонија координаторот на коалицијата „Менуваме“ Суаред Алишан изрази разочарност од власта и опозицијата за кои оцени дека ги гледаат само нивните лични интереси.

-Повторно државата покажа едно непочирување кон правата на лицата со попреченост, државата покажа егзекуција на нашите здравствени права кои треба да ги оствариме и затоа оваа држава можам да кажам дека вреди онолку колку што се грижи за лицата со попреченост. Дали е Северна или Република Македонија не се згрижи, туку не оставија едноставно да умреме, да немаме лекови, да немаме пари. Можеби ние сме со попреченост, но се виде дека тие имаат посебни потреби, пратениците имаат 78 проценти покачување на нивните плати, а кај нас закон донесен во 2013 година додаток за попреченост кој беше седум илјади денари, но со самата инфлација, порасна, а ниту еден не го покачи додатокот, изјави Суаред Алиша.

Тој изрази разочарување и во опозицијата.

-Срамота за егзекуторот Тренчевска која што заедно со Душан Тошич ги натераа социјалдемократите да не гласаат и да не ги поддржат нашите права. СДСМ ветуваа дека ќе ги гласаат нашите права, како да им веруваме на нивниот збор после ова. Ние сме разочарани и од оваа власт и од опозицијата. Го прашувам господинот Мицкоски зошто не беа дојдени неговите пратеници да ги гласаат зкаоните, гледаме Мицкоски постојано бара некаква отчетност, зошто не бара отчет од неовите пратеници што не си ги извршуваат обврските, посочи Алишан.

Упати благодарност до Левица за поддршката, но и до албанските партии за кои рече дека си го одржале зборот и гласале.

Координаторот на партијата Левица Катерина Јовановска истакна дека партијата Левица покажала дека е на страната на народот и посочи дека доколку имале повеќе пратеници во Собрание овие закони ќе биле изгласани уште првиот момент.
-Пратениците на Левица поднесоа предлог измени на два закони со кои ќе се унапредеа паричните додатоци на лицата со попреченост и двојно ќе се зголемеше личната асистенција, меѓутоа пред два дена овие закони не ја добија поддршата во Собрание. Револтира фактот што токму оние функционери кои добија покачување од 78 проценти за нивните прави овојпат не изгласа покачување на додатоците на лицата со попреченост што уште повеќе револтира фактото што токму оние кои од народот се избрани да бидат гласот на народот во Собранието и да ги штитат интересите на народот за жал ги штитат само сопствените интереси, изјави Јовановска.

Координаторот коалицијата „Менуваме“ најави семасовен протест на денот кога ќе се одржуваат уставните промени со паролата „Да за социјална правда, не за уставни промени“.

-Причината е бидејќи нашата организација побара во уставот член 9 да бидеме дефинирани како лица со попреченост за да можеме да ги оствариме правата, нас не ни треба стратегија преку која некој ќе краде пари, нас не ни требаат луѓе кои зборуваат за другите популации, пратениците кренаа галама за друга популација, други групи, а за нашите закони бегаат, заклучи тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕК спушти „рампа“ за ИПАРД 3? Висат 97 милиони евра

21/12/2025
Македонија

ОБРАЗОВАНИЕТО НА МАЈЧИН ЈАЗИК Е ДЛАБОКА ЦИВИЛИЗАЦИСКА ВРЕДНОСТ Мицкоски го

21/12/2025
Македонија

ВИДЕО Детали за несреќата кај Желино: Судир на два камиони,

21/12/2025
Македонија

„Ало 194, се гушиме“: Телефоните на Итната помош вжештени, лекарите

21/12/2025
Македонија

Расчистен грабежот во Гостивар: Тројка „олеснила“ куќа за 65.000 евра

21/12/2025
Македонија

НИГЕРИЕЦ СО АМЕРИКАНСКИ ПАСОШ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ВО СКОПЈЕ Носел пиштол

21/12/2025
Македонија

Утре „Ден Д“ за работничките права: Синдикалната кошничка достигна 65.500

21/12/2025
Македонија

Додека маглата ги приземји авионите, М-НАВ во акција: Успешно отстранет

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39259
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy