Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Албанија повторно дозволи игри на среќа
Македонија

Албанија повторно дозволи игри на среќа

16/02/2024

AA

Албанскиот парламент со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за приредување игри на среќа воведена во 2019 година.

Одлуката е донесена на предлог на Европската комисија со цел сузбивање на „црниот пазар“, подгитнување на нивото на буџетски приходи и обезбедување транспарентност во оваа економска дејност.

Последната одлука на властите во Тирана, покажа дека, брзите одлуки за затворање на обложувалници и казина се само популистички и контропродуктивни, односно во пракса ништо не се менува – коцкањето продолжува, но на „црно“. Тоа неминовно доведува до пораст на стапката на криминал, а државата останува без милиони евра од даноци кои ги плаќаат легалните приредувачи на игри на среќа.

Албанија со години не наоѓаше начини да го сузбие црниот пазар на игри на среќа, па на предлог на Европската комисија, која повеќе пати укажуваше на овој проблем, повторно овозможи легално приредување на игри на среќа.

Одлуката на највисокото законодавно тело е резултат на повеќегодишни дебати меѓу експерти, економски аналитичари и политички групи, кои континуирано укажуваат на проблемот со „коцкањето на црно“ и се почестите случаи на „перење пари“.

Игрите на среќа и во Македонија во изминатиот период беа во фокусот поради измените на Законот на игри на среќа со кој што се предвидуваше објектите во кои се приредуваат игри на среќа да се дислоцираат 500 метри од образовни институции. Сепак измените иако беа изгласани во Собранието во постапка со „европско знаменце“ не стапија на сила откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот поради укажувањата од Брисел дека ЕУ знамето е несоодветно употребено, а законските измени немаат основа ниту во ограниченото европско законодавство.

Секторот игри на среќа во земјава вработува околу 10 илјади лица, а индиректно помага 54 до 100 илјади други работни места. Додека во буџетот од игри на среќа секоја година се слеваат над 280 милиони евра од даноци и други давачи со кои се задолжение приредувачите на игри на среќа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy