Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ КУПИТЕ ВО ЕВРОПА И БЕЗБЕДНО Е, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА:  Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа
Економија

АКО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ КУПИТЕ ВО ЕВРОПА И БЕЗБЕДНО Е, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа

16/04/2025

AA

Европската комисија денеска го објави својот годишен извештај во рамки на Системот за брзо предупредување за опасните непрехранбени производи „Безбедносна порта“ за 2024 година, кој покажува дека лани биле регистрирани 4.137 вакви стоки, што е највисока бројка од лансирањето на системот во 2003 година. 

При презентацијата на извештајот еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите Мајкл Мекграт истакна дека системот „Безбедносна порта“ и овозможува на ЕУ брзо да се справи со ризиците што ги носат опасните стоки. 

– Од година во година, Комисијата ги зајакнува и модернизира своите алатки за да се осигура дека производите што влегуваат во нашите домови се безбедни, истакна Мекрат, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи со ова следење со цел да не се остават „црни точки“ во надзорот. 

Според Извештајот, најголем дел од пријавените производи кои претставуваат ризици по здравјето на потрошувачите или 36 отсто отпаѓа на козметички препарати, по што следуваат играчките со 15 проценти, електричните апарати со 10, моторните возила со девет и хемиските продукти со шест отсто. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, речиси во половина од регистрираните штетни производи е откриено присуство на хемиски состојки и опасни хемикалии, како кадмиум, никел и олово во накитот, алергени аромати во маслата или синтетички хемикалии за омекнување на алиштата.  

Во речиси 97 отсто од пријавените козметички производи е утврдено присуство на бутилфенил метилпропион (BMHCA), забранет синтетички аромат кој може да предизвика оштетувања на репродуктивниот систем на луѓето или иритација на кожата. 

Врз основа на пријавите доставени до системот „Безбедносна порта“ во текот на минатата година соодветните органи за контрола на пазарот издале наредби за прекин или за повлекување од продажба на над 4.200 производи.  

Во Извештајот се посочува дека „Безбедносната порта“ се повеќе се користи за алармирање за опасни непрехранбени производи кои претставуваат потенцијална закана за безбедноста на европските потрошувачи, што е доказ за растечките ефикасност и доверба во системот. 

Документот, исто така, содржи и преглед на активности преземени од националните власти на земјите членки на ЕУ, како и на Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, за да се намалат штетите по потрошувачите и да се запре продажбата на опасни производи. 

Системот „Безбедносна порта“ им овозможува на земјите од ЕУ и од Европската економска област (ЕЕА) да алармираат и да преземаат мерки против опасните непрехранбени производи, предупредувајќи ги другите држави да преземат брза акција. Станува збор за производи чие користење може да предизвика ризици по здравјето и безбедноста на луѓето, како што се гушење, задушување и оштетувања на слухот или видот, како и ризиците по животната средина, енергетските ресурси и имотот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВАЈЦА ВО ПРИТВОР, ЕДЕН ВО КУЌЕН ОД КУМАНОВСКАТА ГРУПА Пет

06/11/2026
Македонија

СО ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ СЕ ЗАГРОЗУВА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ

06/11/2026
Македонија

МАТИЧАР ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ИЗВОДИ ЗА БРАКОВИ Четири години внесувал невистинити

06/11/2026
Македонија

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕАГИРА ЗА ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА АЛТА БАНКА

06/11/2026
Македонија

РАБОТИМЕ НА ДИЈАЛОГ СО БУГАРИЈА ЗА ШТО ИМАМЕ ПОДДРШКА ОД

06/11/2026
Македонија

ГАЗДАТА НА НАСТЕЛ НАПАДНАТ ВО СУД ЗА ВРЕМЕ НА РОЧИШТЕ

06/11/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА, ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ Речиси 4.000

06/11/2026
Македонија

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46619
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВАЈЦА ВО ПРИТВОР, ЕДЕН ВО КУЌЕН ОД КУМАНОВСКАТА ГРУПА Пет лица опфатени со истрага за

06/11/2026

Двајца осомничени завршија во притвор, еден е во куќен притвор, а четвртиот доби забрана за патување, откако Обвинителството за гонење

СО ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ СЕ ЗАГРОЗУВА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ Пренџов исистира најитно да се

06/11/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов побара што побрзо да се одржи надзорната расправа Комисијата за финансирање и буџет за случајот

МАТИЧАР ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ИЗВОДИ ЗА БРАКОВИ Четири години внесувал невистинити податоци за странци

06/11/2026

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 66-годишен жител на Слупчане, кој како матичар во Управата за водење на матичните книги,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy