Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ако хетеросексуалноста е нормална, зошто толку многу од нив се лица со ментални нарушувања?“
Македонија

„Ако хетеросексуалноста е нормална, зошто толку многу од нив се лица со ментални нарушувања?“

14/09/2023

AA

Докторот Александар Митов денеска на својот Фејсбук профил објави учебник со кој ја шокираше јавноста.

Имено, тој укажува оти во учебник по предметот „Образование за животни вештини“ наменет за средношколци има делови од учебникот кои се многу несоодветни за нивната возраст и со кои на некој начин се усмеруваат младите кон хомосексуалност.

„- Прашања од УЧЕБНИКОТ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ:
– Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?
– Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања??????
– https://www.bro.gov.mk/…/Rabotni_listovi-Obrazovanie_za…

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!?

Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам) Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение. Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението – напиша Митов на Фејсбук.

Покрај него, на социјалните мрежи реагираше и пасторот од Евангелиската Црква во Велес, Филип Иванов кој вели дека после се што видел во државава и светов, мислел дека видел доволно, но очигледно се излажал.

Според него, во учебникот се работи за класично подведување на малолетници, преку манипулативно формулирани прашања директно насочени кон децата.

„Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед?

Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите. ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!“, напиша тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy