Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите
Регион

АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите

30/01/2023

AA

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новото
решение за комунален ред, според кое за прекршителите на мерката се пропишани
повисоки казни.

Така, може да се очекува летово да нема туристи во костими
за капење на улиците, бидејќи доколку бидат „фатени“ од комуналната стража ќе
бидат казнети со 150 евра.

Истата глоба е пропишана и за оние кои пијат алкохол на
јавни места, а казната за шетање кучиња без поводник е согласно одлуката за
условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.

Сплитќани
и нивните гости сезонава ќе бидат надгледувани од 21 комунален чувар на
улиците, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа на повик, пишува
Poslovni.hr.

Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за
комунален ред, а минатата година првите „голи“ туристи платија казни од 1.000
куни.

Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на
последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата
година. Како што се наведува,
со оваа одлука е воведен нов концепт на пропишани забрани кои се однесуваат
исклучиво на зоната А која има посебна заштита и на одредби кои се однесуваат
на подрачјето на целиот град.

Меѓу важните
измени беше и забраната за поставување електроакустични уреди на терасите на
угостителските објекти во зоната А, што значи дека на тие места не може да се
користат звучници и засилувачи.

Според одлуката,
дозволено е изведување музика во живо без електроакустични уреди. Секој
што нема да го почитува ова правило ќе биде казнет со 1.320 евра, а
дополнително одговорното лице ќе се казни со 300 евра, а физичкото лице со 260
евра.

ФОТО: YouTube/Print Screen

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ПАДНА СНЕГ НА ПЕЛИСТЕР Копаоник обеле на последниот ден

23/09/2026
Македонија

ЗАЕВЦИ ВО ЊУЈОРК ГИ НОСЕЛЕ И КУЧИЊАТА И СОВЕТНИЦИТЕ „Епската“

23/09/2026
Македонија

680 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ВО СКРИЕНА ПАРЦЕЛА Полицијата откри нелегална плантажа

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ СО ПОРАКА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ „Не само да говориме

23/09/2026
Македонија

РОЗИ МИЦКОСКА НА ПРИЕМ КАЈ МЕЛАНИЈА ТРАМП Светска иницијатива за

23/09/2026
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45740
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ПАДНА СНЕГ НА ПЕЛИСТЕР Копаоник обеле на последниот ден од летото

23/09/2026

Првиот ден од есента го донесе првиот снег на Пелистер. Националниот парк Пелистер сподели неколку фотографии од првата снежна покривка

ЗАЕВЦИ ВО ЊУЈОРК ГИ НОСЕЛЕ И КУЧИЊАТА И СОВЕТНИЦИТЕ „Епската“ делегација на СДСМ ги вклучи

23/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ со фотографија возврати на критиките од СДСМ за актуелната македонска делегација во САД, тврдејќи дека во времето на поранешниот

680 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ВО СКРИЕНА ПАРЦЕЛА Полицијата откри нелегална плантажа кај Секирник

23/09/2026

Две лица од општина Ново Село се приведени откако полицијата открила нелегална плантажа со канабис во атарот на селото Секирник,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy