Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХВ предупредува: На „Фејсбук“ се продава производ кој не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден, внимавајте!
Македонија

АХВ предупредува: На „Фејсбук“ се продава производ кој не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден, внимавајте!

14/02/2024

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава додаток во исхраната „Zeo Medic“, деклариран како диететски. Според нив, станува збор за додаток во исхраната кој не е одобрен/регистриран и за кој нема гаранција дека е безбеден.

АХВ апелира, граѓаните пред да решат да купат храна или додатоци во исхраната преку интернет или социјални мрежи, да проверат  во регистрите што ги води АХВ, https://fva.gov.mk/mk/registri, дали операторите кои ги нудат ваквите производи се регистрирани.

„Ги повикуваме граѓаните да проверат преку регистрите и дали операторите кои ги нудат ваквите производи се регистрирани, дали здравствените или нутритивните тврдења кои се истакнуваат на производите се одобрени или не, односно дали производите се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. До производителите или трговците кои нудат производи преку интернет и социјални мрежи, а кои не се регистрирани, апелираме да го легализираат производството, односно да се регистрираат како оператори со храна“, наведува АХВ на својата официјална интернет страница.

Според АХВ, граѓаните не треба да наседнуваат и да купуваат непроверени и небезбедни производи кои се нудат преку социјалните мрежи од нерегистрирани/неодобрени оператори.

„За секоја недоследност, потрошувачите можат да ги известат надлежните инспекциски служби на Агенцијата лично, на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или електронски, на [email protected]“, истакнува АХВ.

Агенцијата дополнува и дека е зачестена појавата на продавање непроверени, често и небезбедни производи преку социјалните мрежи од страна на нерегистрирани/неодобрени оператори. За производите нема гаранција за безбедноста поради што може да бидат и опасни по човековиот живот и здравје.

„Ги информираме потрошувачите дека нашите инспекциски служби ја контролираат работата само на одобрените/регистрираните оператори со храна, односно на сите кои се внесени во легалниот синџир на производство и трговија, вклучително и на оние кои вршат електронска продажба на своите производи. Во рамки на своите можности и надлежности, преку Одделението за спречување измами со храна и инспекциските служби, во соработка со други институции (МВР, Обвинителство,…) преземаме и активности за откривање на веродостојноста на профилите на лицата кои продаваат производи преку интернет и на социјалните мрежи“, наведува АХВ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy