Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети за опозицијата: Ако се патриоти – треба да поддржат промена на Уставот
Македонија

Ахмети за опозицијата: Ако се патриоти – треба да поддржат промена на Уставот

22/12/2023

AA

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска во годишното обраќање истакна дека доколку опозицијата се патриоти, тие ќе поддржат промена на Уставот.

Според него, нашата иднина е Европа и балканските земји треба да чекорат заедно, рамо до рамо, се до реализација на програмата за влез во Унијата.

„Нашата иднина е Европа, ние сме европејци и нема како да се двоуми Европа за членство на нашата земја, Албанија, Косово и Црна Гора, се до исполнување на стандардите и на Србија со прифаќање на најновата држава во Балканот, Косово. Сите сме европејци. Затоа апелирам, исто како што сум рекол и пред десет години, затоа што Украина не е далеку, и велам не на Русија – да на Европа, и да чекориме сите заедно, рамо до рамо, се до реализација на оваа програма. Благодарение на овој ангажман ние ја земавме одговорноста за наоѓање на решение и на спорот со Бугарија и се направи Договорот за добрососедство“, истакна Ахмети.

Ахмети вели дека опозицијата прави дневни политики, и не им е на прв план членството на земјава во Европската Унија.

„Сум им рекол и на нив во нашите средби, а уште еднаш и јавно го кажувам ова: ако се патриоти, тогаш треба да подржат промена на Уставот и Бугарите да бидат уставна категорија, затоа што на овој начин македонскиот народ ќе биде легитимиран на меѓународно ниво. А ние Албанците не сме против нив, туку нас не имаат како поддршка, да не ја изгубат поддршката на нивните сограѓани кои никогаш не го оспориле ниту идентитетот ниту јазикот, туку секогаш дале поддршка. Нашата шанса е членството во ЕУ, и ние не можеме да направиме поголема услуга на нашиот народ од членството во ЕУ“, додаде Ахмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy