
Ахмети и Реџепи Зејд потпишаа договор за претстојните избори
Претседателот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети и претседателот на Движењето на народот, Скендер Реџепи Зејд денеска потпишаа коалициски договор за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Коалиција е најавена како Европски фронт кој ќе биде пречка за „руското влијание во земјата“.