Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Фатих Улусој
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Фатих Улусој

19/03/2024

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Фатих Улусој, новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма нагласи дека Република Северна Македонија и Република Турција уживаат долгогодишно традиционално пријателство и изрази задоволство од одличните билатерални односи коишто се карактеризираат со меѓусебна поддршка и почитување. Тој упати благодарност за целокупната поддршка којашто Република Турција ја даваше уште од независноста на Република Северна Македонија во раните 90-ти години на минатиот век и продолжува да ја дава до ден-денешен. Претседателот Пендаровски рече дека денес, како сојузници во НАТО, двете земји се соочуваат со особено турбулентни времиња, коишто секако влијаат и на нашиот регион и притоа посочи дека соработката, довербата и координацијата во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалните миграции, сајбер-заканите и слични феномени, претставуваат приоритет за сите нас и се додадена вредност во односите. Посочувајќи дека двете земји развиваат динамични економски односи, претседателот Пендаровски изрази уверување дека постои заемна подготвеност за отворање нови перспективи, со цел натамошно интензивирање на економската соработка и за зголемување на трговската размена, како и соработката во областите на безбедноста, одбраната, земјоделството, образованието, културата, науката.

Амбасадорот Фатих Улусој во своето обраќање истакна дека Турција го цени партнерството што го споделува со Северна Македонија кое е засновано на меѓусебна почит, доверба и соработка и додаде дека нашата држава ја смета за важен партнер на Балканот. Тој нагласи дека заедничката култура овозможува на едно привилегирано ниво да се одржуваат односите и соработката како на билатерален, така и на мултилатерален план. Турскиот амбасадор ги посочи турската заедница, која со векови опстојува на ова поднебје и која работи за развојот и благосостојбата на Северна Македонија, како и турските државјани кои потекнуваат од овде, а се иселени во Турција, како најважните елементи во меѓусебните односи. Амбасадорот Улусој рече дека со нашето членство во НАТО, кое силно го поддржуваат, е додадена и сојузничка димензија во односите, а двете земји со блиската соработка на разни регионални теми го поттикнуваат мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот и пошироко. Турскиот амбасадор подвлече дека Северна Македонија со својата мултикултурна и мултиетничка структура, на целиот Балкан претставува пример во смисла на заеднички соживот во мир на заедниците.

Претседателот Пендаровски на турскиот амбасадор му посака многу успех и добро здравје во извршувањето на неговата амбасадорска мисија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy