Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Адеми: Имав двапати поголема трема кога играв против Модриќ, отколку против Роналдо!
Спорт

Адеми: Имав двапати поголема трема кога играв против Модриќ, отколку против Роналдо!

23/03/2023

AA

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, по 13 години минати во Динамо Загреб пред неколку дена и официјално го напушти овој клуб и потпиша за кинескиот прволигаш Пекинг Гван, што предизвика големи емоции кај сите во хрватскиот гигант.

Изминатиов период беа напишани многу текстови за неговиот придонес за „модрите“, а голем број соиграчи и навивачи емотивно се збогуваа со него преку социјалните мрежи. Официјалната интернет-страница на загрепчани денеска објави големо интервју со Адеми, во кое го потсетува на сите најважни детали од неговиот престој на „Максимир“. Меѓу одговорите, најинтересен е тој за дуелите против хрватските легенди, Лука Модриќ и Марио Манџукиќ.

„Имав двапати поголема трема кога од другата страна на теренот се наоѓаа Мадриќ или Манџукиќ, отколку кога играв на пример против Кристијано Роналдо“, кусо прокоментира македонскиот фудбалер.

Адеми се потсети и на тешките моменти кога беше суспендиран поради позитивен допинг тест.

„Тоа ми беше најголема тага и шок. Бев со Македонија и во еден момент селекторот дојде и ме викна итно да се излезам од собата за да ми каже нешто. Најтежок период во кој немав ништо друго освен да се борам и да ја изнесам својата вистина. Но, пак морав да паузирам две години“, вели нашиот репрезентативец.

Целото интервју со Адеми може да го прочитате ТУКА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy