Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Пелистер не го заслужува ова – по четврти пат сме грубо оштетени!“ (ФОТО)
Спорт

„Пелистер не го заслужува ова – по четврти пат сме грубо оштетени!“ (ФОТО)

22/03/2023

AA

Серијата реакции на делењето правда на судиите во двете најдобри македонски лиги продолжи со денешното соопштение на второлигашот Пелистер.

Битолчани сметаа дека се жртва на срамно и скандалозно судење овојпат во режија на судиската тројка од Тетово, предводена од главниот судија Јосип Бартон. Сега тоа било на дуелот против Воска (1-2), а претходно против Караорман, Детонит Плачковица, Гостивар…

„Самото делегирање на судија кој не е од рангот на интернационалци остава дилеми и делува потценувачки за натпревар со ваков влог и важност. Од сите македонски судии одговорните делегираа судија кој сезонава е целосно надвор од форма, воопшто не суди натпревари од Првата и Втората лига, туку само натпревари од младинските лиги и футсал шампионатот. Делегираниот судија во Првата и Втората лига сезона најчесто е четврти судија, а делегиран за главен е најчесто кога играат пионери и кадети. Зарем Бартон беше најдобриот избор за овој натпревар? Критериумот на главниот судија Бартон на денешниот натпревар е навредлив кон нашиот клуб, кон нашите фудбалери, обидот да се надигруваме и да се наметнеме со нашиот стил на игра. Со ваков третман кон македонскиот фудбал, кон дерби дуел на две екипи со високи амбиции и вложувања и кон клуб како Пелистер, не сме на прав пат како фудбалски систем“, се вели меѓу другото во соопштението на зелено-белите.

По овој пораз Пелистер заостанува пет бода зад третопласираниот Гостивар, седум зад Воска Спорт и девет зад водечкиот Вардар. До крајот на сезоната има уште девет кола, а пласман во елитата директно обезбедува првопласираниот, а вториот и третиот ќе играат бараж.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy