Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСУДА НА СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ, ПРЕОДНА ОЦЕНА ЗА ВОДИТЕЛКАТА Агенцијата за медиуми го анализираше скандалозниот ТВ-настап на лидерот на Македонски концепт
Македонија

ОСУДА НА СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ, ПРЕОДНА ОЦЕНА ЗА ВОДИТЕЛКАТА Агенцијата за медиуми го анализираше скандалозниот ТВ-настап на лидерот на Македонски концепт

03/11/2026

AA

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши увид во емисијата „Под лупа“, емитувана на ТВ Алфа на 2 ноември 2026 година, на тема „Распадот на македонското семејство: Меѓу насилството, разводите и судирот на традицијата и модерното време“. Во емисијата учествуваа Петар Богојески, претседател на партијата „Македонски Концепт“, и Катерина Котеска, адвокатка специјализирана за семејно право и семејно насилство, се вели во соопштението од АВМУ.

Агенцијата укажува дека секој учесник во јавна дебата, особено јавна личност, сноси лична одговорност за јавно изнесените ставови и пораките што ги упатува до граѓаните. Од друга страна, наведува АВМУ, улогата на професионалното новинарство е да отвора прашања од јавен интерес, да овозможува аргументирана дебата и критички да ги преиспитува изнесените тврдења, со цел јавноста да добие релевантни информации и самостојно да формира мислење.

„Во конкретниот случај, од регулаторен аспект, новинарката која ја водеше емисијата постапуваше согласно професионалните новинарски стандарди. Таа поставуваше релевантни прашања, ги доведуваше во прашање изнесените тврдења и бараше нивно дополнително образложение“ – се вели во соопштението.

Истовремено, Агенцијата ги осудува ставовите на Петар Богојески со кои, како што се оценува, се релативизира и оправдува насилството врз жените и децата, се промовира нивната подредена положба и се прави обид таквите сфаќања да се претстават како традиционални вредности.

„Ваквите пораки се неприфатливи и се во спротивност со основните принципи на почитување на човековите права, еднаквоста и човечкото достоинство. Насилството, понижувањето и нееднаквоста не се традиционални вредности и не можат да бидат оправдани под каков било изговор. Особено е недозволиво физичкото насилство врз децата да се претставува како прифатлив начин на воспитување, или насилството врз жените како нормален дел од семејните односи“ – се наведува во соопштението на АВМУ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
Македонија

СЗО СЕ ВКЛУЧИ ВО ПОДГОТОВКАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛЕКОВИ

03/11/2026
Македонија

📽️ 📷 ПО 15 ГОДИНИ ПРОПАЃАЊЕ, БАЗЕНОТ ВО ИДРИЗОВО ПОВТОРНО

03/11/2026
Македонија

ПРОЕКТОТ НА „ВЕНЦИ“ ЗА „ПУЛС“ Е НЕЗАВЕРЕН ВО ОПШТИНА И

03/11/2026
Македонија

ОСУДА НА СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ, ПРЕОДНА ОЦЕНА ЗА ВОДИТЕЛКАТА Агенцијата

03/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И СЕВЕРНА РАЈНА-ВЕСТФАЛИЈА ЌЕ ЈА ПРОДЛАБОЧАТ СОРАБОТКАТА Германските компании

03/11/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ШИЛЕГОВ ПОВИКА ДА СЕ ПРЕИСПИТА ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ На

03/11/2026
Македонија

ПЕРПAРИМ БАЈРАМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД 1,14 МИЛИОНИ

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46545
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите мора да биде суштински и

03/11/2026

Политичката волја за надминување на македонскиот евроинтеграциски застој не може постојано да се бара само од Македонија, туку мора да

СЗО СЕ ВКЛУЧИ ВО ПОДГОТОВКАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛЕКОВИ Се менуваат правилата за снабдување,

03/11/2026

Светската здравствена организација (СЗО) е вклучена во консултациите за новиот Закон за лекови, кој треба да ги подобри достапноста и

📽️ 📷 ПО 15 ГОДИНИ ПРОПАЃАЊЕ, БАЗЕНОТ ВО ИДРИЗОВО ПОВТОРНО Е ОТВОРЕН Кандидатите за „Тигар“

03/11/2026

По повеќе од 15 години запуштеност, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy