Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Знаат ли идните пензионери дека државата им должи една милијарда евра?
Економија

Знаат ли идните пензионери дека државата им должи една милијарда евра?

23/03/2023

AA

Домашните деловни банки и трите приватни задолжителни пензиски фондови на државата и позајмиле 1,84 милијарди евра,  а тоа е 80 отсто од целиот јавен долг на домашниот пазар. Од вкупните нето средства што ги имаат трите приватни задолжителни пензиски фондови („Сава“, „Триглав“ и „КБ Пензиско“) кои на крај на 2022 година изнесуваат 1,846 милијарди евра 55% се дадени на заем на државата. А за што се потрошиле тие пари и дали тие државни трошења го подобриле стандардот на граѓаните е друга, засебна и „морска тема“…

Приватните задолжителни пензиски фондови и банките се најголеми кредитори на државните трошења, покажуваат најновите официјални податоци за јавниот долг достапни на веб страницата на Министерството за финансии. Вкупно на домашниот пазар кај свои кредитори државата преку записи и обврзници должи 2,285 милијарди евра.

Дури една милијарда евра пари на идните пензионери се заѕидани во јавниот долг поточно во државни записи и обврзници издадени од Министерството за финансии, покажуваат податоците достапни на овој линк https://finance.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d1%85%d0%b2/ кој води до базата на Министерството за финансии.

Веднаш зад приватните пензиски фондови се домашните деловни банки. Тие на државата и позајмиле односно и купиле записи и обврзници вредни 837,32 милиони евра. Повеќе од сигурно е дека најголем дел од овие пари пласирани во записи и обврзници издадени од државата се штедни влогови и депозити на граѓани, а во помала мерка и на домашни правни лица.

Далеку помали кредитори на државата се домашните осигурителни компании меѓу кои секако дека најистакнати се осигурителните друштва за осигурување живот. Според официјалната евиденција на Министерството за финансии осигурителната индустрија на државата и позајмила 175,7 милиони евра.

Сите останати пазарни субјекти (според терминологијата на Министерството за финансии) на државата и купиле записи и обврзници вредни 261,6 милиони евра.

Во тие што купувале државни обврзници има и граѓани т.е. физички лица со вкупно 50.000 евра, а државата зајмела и од штедилници во вкупен износ од 500.000 евра.

Каква е структурата на долгот?

Од достапните податоци се гледа дека во структурата за доспевање на долгот за враќање доминираат 15 годишните обврзници со 1,07 милијарди евра што е речиси половина од целиот државен долг на домашниот кредитен пазар.

Втора ставка во структурата е краткорочното задолжување изразено во записи кои се враќаат на период од една година. Нивната вредност е 571 милиони евра. Следува тригодишната државна обврзница која во вкупниот домашен долг учествува со 200,5 милиони евра и 10 годишната обврзница со 191,3 милиони евра.

Кредиторите во толкава мерка и веруваат на државата што вложиле 161,6 милиони евра во 30 годишна обврзница. 

(овој текст е придонес на редакцијата „Фактор.мк“ кон Глобалната недела на парите фокусирана на подобрување на финансиската писменост на населението)

Р.Ф.

foto freepik.com/Babu Prince

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy