Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Адеми: Имав двапати поголема трема кога играв против Модриќ, отколку против Роналдо!
Спорт

Адеми: Имав двапати поголема трема кога играв против Модриќ, отколку против Роналдо!

23/03/2023

AA

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, по 13 години минати во Динамо Загреб пред неколку дена и официјално го напушти овој клуб и потпиша за кинескиот прволигаш Пекинг Гван, што предизвика големи емоции кај сите во хрватскиот гигант.

Изминатиов период беа напишани многу текстови за неговиот придонес за „модрите“, а голем број соиграчи и навивачи емотивно се збогуваа со него преку социјалните мрежи. Официјалната интернет-страница на загрепчани денеска објави големо интервју со Адеми, во кое го потсетува на сите најважни детали од неговиот престој на „Максимир“. Меѓу одговорите, најинтересен е тој за дуелите против хрватските легенди, Лука Модриќ и Марио Манџукиќ.

„Имав двапати поголема трема кога од другата страна на теренот се наоѓаа Мадриќ или Манџукиќ, отколку кога играв на пример против Кристијано Роналдо“, кусо прокоментира македонскиот фудбалер.

Адеми се потсети и на тешките моменти кога беше суспендиран поради позитивен допинг тест.

„Тоа ми беше најголема тага и шок. Бев со Македонија и во еден момент селекторот дојде и ме викна итно да се излезам од собата за да ми каже нешто. Најтежок период во кој немав ништо друго освен да се борам и да ја изнесам својата вистина. Но, пак морав да паузирам две години“, вели нашиот репрезентативец.

Целото интервју со Адеми може да го прочитате ТУКА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците

26/01/2026
Македонија

Ако ве улови „Сејф Сити“ ќе платите казна од 15

26/01/2026
Македонија

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026
Македонија

📷 КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ Брзање, црвено и погрешно паркирање, еве

26/01/2026
Македонија

„Пет лица бевме на маса, само јас жив останав, славевме

26/01/2026
Македонија

Утре неработен ден за припадниците на српската заедница

26/01/2026
Македонија

Николоски од протестот на превозниците: Три решенија за избегнување економски

26/01/2026
Македонија

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШ ПОТПАЛИЛЕ АВТОБУС Подолго време бил паркиран

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40636
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците – ќе има присилна наплата!

26/01/2026

Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица,

Ако ве улови „Сејф Сити“ ќе платите казна од 15 евра до 500 евра

26/01/2026

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на проектот „Безбеден град“ продолжуваат засилените контроли и санкционирањето на сообраќајните прекршоци

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026

Основниот суд Битола денеска реагираше на последните тврдења и критики кои се појавија во јавноста, истакнувајќи дека станува збор за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy