Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 9 милиони евра европска поддршка за македонската Армија, потпишан Меморандумот за разбирање со кој започнува имплементацијата на овој проект
Македонија

9 милиони евра европска поддршка за македонската Армија, потпишан Меморандумот за разбирање со кој започнува имплементацијата на овој проект

10/01/2024

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, амбасадорот Томаж Ловренчич, како агенција која ќе го имплементира проектот на Европскиот мировен фонд за поддршка на Армијата со 9 милиони евра, денеска го потпишаа Меморандумот за разбирање, со што се означи и стартот на имплементацијата на овој проект кој значително ќе придонесе кон развојот на армиските капацитети. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир.

По потпишувањето на Меморандумот, министерката Петровска порача дека поддршката од девет милиони евра е наменета за Лесната пешадиска баталјонска група и ќе се користи исклучиво во оваа армиска единица, а средствата ќе бидат искористени за набавка на логистичка, медицинска, инженериска и опрема за изведување на обуки, комуникациско-информациски системи и за разузнавачки капацитети.

„Оваа поддршка од Европската Унија за македонската Армија и одбраната ја потврдува поддршката на Унијата во остварување на нашата стратешка цел, тоа е членството на Република Северна Македонија во Европската Унија “, рече министерката и додаде дека исклучително важни се и позитивните оценки од Европската комисија која за поглавјето 31 јасно нотираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со надворешната и безбедносна политика на Унијата.

„ Унијата го цени придонесот на Армијата во мисиите и операциите кои се водени од ЕУ низ светот. На овој начин ЕУ покажува дека кога ги спроведуваме реформите, кога напредокот е видлив и јасен, европската поддршка нема да изостане “ рече Петровска и додаде дека Република Северна Mакедонија останува посветена на исполнувањето на својата втора стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија.

Евроамбасадорот Гир порача дека Северна Македонија ја покажа и докажа нејзината посветеност во заедничките цели и нејзината усогласеност со Европската заедничка и безбедносна политика, преку учество во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина, мисијата во Централнo Африканската Република, придонесот на Балканските наменски медицински сили, при што го поздрави и учеството во мисиите предводени од НАТО – КФОР во Косово, мисијата во Ирак, Унапреденото засилено присуство во Балтикот. Ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд кој ќе и помогне на Армијата да стане уште поагилна и на тој начин ќе даде придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката надворешна и одбранбена политика – рече Гир.

Амбасадорот Ловренчич истакна дека Европскиот мировен фонд како инструмент за прв пат е достапен во овој регион и ќе биде еден пример за другите земји, како и дека планираните активности се веќе започнати. Во следните неколку месеци и следната година се очекува реализација на набавка и испорака на опремата, што ќе биде видлив приказ на посветеноста на Европската Унија и зајакнатото партнерство со Северна Македонија.

Поддршката од 9 милиони евра е наменета за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациско-информациски системи, разузнавачки капацитети, инженериска опрема и опрема за изведување на обуки за потребите на Лесната пешадиска баталјонска група на Армијата. Опремата која ќе се набавува преку ИТФ е координирана со професионалци во Армијата, што е гарант дека таа ќе биде во согласност со нашите потреби и највисоките НАТО стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го

31/10/2026
Македонија

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕВО Николоски најави продолжување на инфраструктурните

31/10/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на

31/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНО ЗДРАВСТВО И ЕДУКАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИСТИ Нов договор меѓу Македонија

31/10/2026
Македонија

Народната банка: Одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија

31/10/2026
Македонија

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се

31/10/2026
Македонија

Што навистина се случува во Полска? Криза меѓу претседателот и

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46478
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено попладне и во текот на

31/10/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во недела. Според прогнозата на метеоролозите,

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го нарече „мумија” и „балсамиран лик“

31/10/2026

СДСМ под водство на Венко Филипче упати отворен напад врз својот прв претседател Бранко Црвенковски. Во партиско соопштение објавено на

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕВО Николоски најави продолжување на инфраструктурните инвестиции

31/10/2026

Над шест милиони евра преку различни владини програми се вложуваат во инфраструктурниот развој на Општина Кичево. Ова го истакна вицепремиерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy