Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 57 милиони евра во опрема која собира прашина додека пациентите чекаат: Скенери, акцелератори, ангиографи… и сите во прекин
Македонија

57 милиони евра во опрема која собира прашина додека пациентите чекаат: Скенери, акцелератори, ангиографи… и сите во прекин

08/05/2025

AA

И покрај инвестиција од речиси 58 милиони евра во современа медицинска опрема, дел од неа сè уште не е ставена во функција или не се користи доволно. Причините се хроничен недостиг од стручен кадар, недоволна едукација и несоодветни простории – покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија.

Според наодите, опрема вредна 13 милиони евра не е воопшто во употреба, а уште 5,5 милиони евра стојат неискористени во полн капацитет. Најдрастичен е примерот со пет линеарни акцелератори за радиотерапија, инсталирани во повеќе градови, но сè уште нефункционални – иако дел од нив стојат така со години. Во меѓувреме, единствено Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје третира над 2.300 пациенти годишно, работи со преоптоварен кадар и апаратура.

Ревизијата открива дека опремата не се набавувала врз основа на прецизни анализи, туку често без обезбедени услови и без подготвен кадар. Дополнително, регистарот на здравствени работници не се ажурира редовно, што го отежнува планирањето, а бројот на радиолози од 2021 до 2023 година дури и опаднал – од 88 на 79.

На ниво на држава, во 9 јавни здравствени установи се инсталирани 18 ангиографи, но дел од нив не се користат редовно поради недостиг на кадар и простор. Дури и за уредите што се користат – како компјутерските томографи (КТ) – ревизијата покажува дека не се закажуваат термини според пропишаните стандарди, а дел од уредите се веќе амортизирани и често дефектни.

Ревизорите укажуваат и на сериозни проблеми со евиденцијата: податоците во „Мој Термин“, фондовскиот систем и во болниците не се совпаѓаат, што резултира со ненаплатени услуги од најмалку 247 илјади евра.

Дополнително, дел од здравствените установи не ги отстрануваат нефункционалните уреди – вклучително и оние со радиоактивни елементи – што претставува закана за животната средина и блокира простор кој може да се користи за нова опрема.

Иако постојат обиди за итни вработувања – како најавата за ангажирање 600 приватни специјализанти до крајот на 2025 – ревизорите бараат подобро планирање, ажурни регистри, функционална евиденција на услуги и одржлив систем за одржување на скапата опрема.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy